Автор Тема: Audi A3 проблем  (Прочитано 10797 пати)

Отсутен RokiSk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Audi A3 проблем
« на: 19 Јануари 2012, 16:46:27 pm »
Helpp!!!!
Има еден проблем што ми се јави вчера при вожња на мојата кола. Имам ауди а3 1998 110 hp tdi и вчера при возење се изгуби турбото. Стискам педала за гас и нема забрзување, го нема тоа лепење на седиштето. Во движење ја изгасив колата и ја запалив пак и се врати турбото. После некое време пак се јави истото. И јас пак изгаси па запали. Ова се појави при забрзување над 2000rpm. Кој има мислење што би можело да биде слободно нека каже бидејќи ме  нервира вака нонстоп изгаси запали да правам во возење.

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #1 на: 19 Јануари 2012, 16:52:41 pm »
Само дијагностика не  е ова 101 па ќе ја наштеловаш платината и ќе лета, инаку проблем може да ти се неколку работи н75 вентил, валкана геометрија на турбина, пукнато црево од турбото, помалку веројатно маф сензор, мап сензор најверојатно препумпува турбото и затоа влегува во сервисен режим. Затоа дијагностика визуелен преглед и ќе се утврди проблемот позз

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #2 на: 19 Јануари 2012, 16:58:47 pm »
колку имаш поминато?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #3 на: 19 Јануари 2012, 17:03:21 pm »
А да провериш да не ти го има Баци дигнато турбото и да ти стаиле од Југо?

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #4 на: 19 Јануари 2012, 17:05:07 pm »
А да провериш да не ти го има Баци дигнато турбото и да ти стаиле од Југо?

не бе кај знае Баци турбо да извади :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #5 на: 19 Јануари 2012, 17:13:37 pm »
Најверојатно имаш проблем со overboost. Турбината полни премногу а компјутерот за да се заштити, ја гаси.

Првото што би ти го советувал е да излезеш на обиколница, и да го издуваш добро моторот. Тоа значи да стиснеш до 3000+ вртежи во минута, и да го држиш на високи вртежи цело време за убаво да загрее и да го исфрли насобраното ѓубре. После тоа, отиди докај Маршер во Auto Prestige, нека ја закачи колата на тестер, и нека ги види убаво бројките. Има два вентили кои ја контролираат работата на турбото, и знаат и тие да заглават во отворена позиција, па да прават проблеми.

Ништо страшно, на секој TDI од таа генерација му се случило тоа.

Отсутен Dimac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 672
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #6 на: 19 Јануари 2012, 18:35:36 pm »
Јас го имав истиот проблем и се консултирав со мајстор кој ми препорача да излезам на автопат и неколку пати да ја исмалтретирам во втора и трета брзина, и да чукнам во дрво(чук чук чук ;D ;D ;D) од тогаш не ми се случило тоа, али редовно на две недели ја вадам на автопат за да ја издувам

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #7 на: 19 Јануари 2012, 18:42:08 pm »
И јас на моето ауди ТД имав сличен проблем,го решив со патување Кавадарци-Прилеп-Кавадарци,на враќање пред да почне нагорнината ставање во 4,гаста цигла и до горе држење 90-120км/ч.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Benedetti

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
    • Бесплатни огласи
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #8 на: 19 Јануари 2012, 19:30:23 pm »
Јас истиот проблем го имав летоска на моето ауди а6 1.9 тди. Испадна дека бил запушен филтерот за воздух, барем јас така мислам од кога го сменив не сум имал веке проблем, а од јули до сега и поминав 20000. Механичарот ми објасни дека сум ја оптеретувал ( што е точно фабрички 110 кс + чипувана + де кат + тешка нога) си бара машината повеке воздух... Стаив кн панелен и нема мука. Мада искрено исто влече, очекував повеке снага, ама ништо. На диагностика ништо не покажа и ми рекоа дека треба да дојдам кога ке угаси турбината без да го гасам моторот.
24.06.1910 Milano!!!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #9 на: 20 Јануари 2012, 02:59:37 am »
И јас на моето ауди ТД имав сличен проблем,го решив со патување Кавадарци-Прилеп-Кавадарци,на враќање пред да почне нагорнината ставање во 4,гаста цигла и до горе држење 90-120км/ч.
Сега повеќе време го немам издувано(а ниту повозено),ама ова низ град му го правам ;)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #10 на: 20 Јануари 2012, 09:20:18 am »
Низ град нема ништо да направиш, кратки се растојанијата.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #11 на: 20 Јануари 2012, 09:47:07 am »
Вчера исто ми се случуваше на Пасат 1,9 ТДИ 90 кс, само на Пасатов обратно од тоа ти што го кажуваш, низ град влечеше убаво, турбината повлекуваше како така, а на отворено не бе брате Тамче неможеш да поминеш низ клисурине.

Отсутен RokiSk

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #12 на: 20 Јануари 2012, 14:34:58 pm »
Редовно е на автопат баш за таа цел, да го издувам моторот. Да не е запечен актуаторот на турбото?

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #13 на: 20 Јануари 2012, 15:26:36 pm »
Друже ова лично ми се нема десено ама кај мојот сервисер имаше леон еден со 1,9 тди Waste gate-от беше заглавен во затворена положба, газдата кажал пред да се деси хаваријата колата примала многу добро, се до моментот кога претерал и поради мн голем притисок се десило хаварија на моторот при што здраво остана брегастото вратило и блокот.
Моја препорака е да си отидеш на сервис и да се проверат вентилите дали нормално функционираат.

Отсутен Ученик

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 525
Одг: Audi A3 проблем
« Одговори #14 на: 22 Јануари 2012, 17:52:48 pm »
Исто и мене ми се дешава на а4-ката моја .. 2001 1.9тди .. И од прилика скап дефект е то или ? Факт ап е ако престигвиш и тогаш губи снага на високи обртаи .. Недај боже !