Од свеќици не се разбирам ни 0.5%, па ќе прашам тука за помош:
Моментално во Алфата се возат фабричките Golden Lodge 25HL свеќици, со 4 пипци.
По британски и холандски форуми, читав дека овој модел се наоѓа се потешко и потешко од икс причина, па луѓево се зафатиле со барање на еквивалентна замена и има многу различни брендови кои се спомињаат: Champion, NGK, Bosch...
Читав и разбрав дека Golden Lodge свеќиците најдобро работеле при поголемо оптеретување, значи при поголеми вртежи, и губеле на функционалност при нашето „домаќинско“ возење.
Прашањето е дали некој од вас може да ми најде свеќици со исти дизајн и исти димензии, или пак да ме упати каде низ Македонија можам да најдам оригинал Golden Lodge.