Бидејќи не знаев каде да поставам прашање, оваа тема ми се виде најблиску до проблематиката која ја имам.
Од вчера вечер кога ја возев колата (Opel Astra H), забележав звук сличен на испуштање на воздух кога ќе ја ослободам кочницата, и трае се додека педалата не си се врати во првобитната состојба. Не е некој јак звук, меѓутоа се слуша и влева некое чуство на недоверба бидејќи нели доаѓа од педалата за кочница. Кога колата е исклучена, со 3-4 пати притискање на педалата таа станува тврда и кога ќе се запали колата омекнува баш како и што треба да реагира. При градска вожња денес не забележав некоја разлика во кочниците, си кочеа без проблем, меѓутоа звукот од педалата ме плаши.
Од тоа што разгледував на интернет, дознав можен проблем е цилиндарот (или вакумот) на самото серво за кочниците.
Прашањето до тие што можеби имале слична проблематика е следново: Дали некој одприлика знае што може да е проблемот, и кој мајстор би ми го препорачале во Скопје за мојава проблематика?