Треба и да ги мачнат од зад со бакарно мафче за да не ти квичат. Да не се жалиш после дека како AMG ти звучат кочниците. 
Цвилењето зависи од составот на плочката.
Подмачкувањето во гумицата што е како гасеница е да ја враќа шепата.
Подмачкувањето во „гумицата што е како гасеница“ не е за да ја враќа шепата, шепата цело време си стои во место и не се движи, можеби ептен малку и тоа тогаш кога двете плочки на шепата не се трошат подеднакво. Затоа и постои таа маст таму за да не запече шепата во место. Исто така има улога на амортизирање на вибрациите и заштита на шепата од самите вибрации кои можат да се јават поради криви дискови.
Гумицата т.е. манжетната штити од прашина и од вода.
Со бакарна маст се подмачкуваат плочките од страната каде што лежат на шепата, и тоа ги држи прилепени за шепата. Па така кога кочницата не е стисната, тие лежат на шепата наместо на дискот и со тоа се решава цвилењето. Секако дека има механизми кои ги држат плочките прилепени за шепата, али понекад знае да заебава. Ако веќе цвили и свири при самото кочење, проблемот е во плочките или во комбинацијата на плочки/дискови.