Гласање

Koi diskovi i plocki gi preporacuvate?

Ferodo
71 (27.3%)
TRW
37 (14.2%)
LPR
15 (5.8%)
Textar
19 (7.3%)
Woking
2 (0.8%)
Remsa
10 (3.8%)
Valeo
27 (10.4%)
Ate
48 (18.5%)
Mintex
2 (0.8%)
Pagid
18 (6.9%)
Tomax
6 (2.3%)
Wagner® Brake
5 (1.9%)

Вкупно гласови: 260

Автор Тема: Kvalitetni Diskovi i Plocki  (Прочитано 379771 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1560 на: 21 Октомври 2019, 13:43:09 pm »
Да прашам некој ако имал искуство, ги сменив плочките и ги израмнив дисковите, но потоа се појави тресење при кочење, а порано не сум имал таков проблем, што може да биде ?
Не може да се каже без мерење.
Ако претходно си немал тресење, а се појавило после рамнењето и промената на плочките, може да е:
1. E лошо израмнети дискови
2. Пред новото рамнење, дисковите биле рамнети на автомобилот (ако си го купил половен и досега не си сменил дискови ниту рамнел) па откако си ги израмнил извадени на страна и сте ги вратиле - дошла до израз деформацијата на главината(ите). Ако се рамнат на автомобилот и има крива главина, ќе се неутрализира тој проблем се додека не се промена взаемната положба на дискот и главината на која бил рамнет. Мислам дека во МК има некаде каде што рамнат директно на автомобилот, па би те советувал да одиш на истото место и на автомобил директно да се израмнат повторно. Во спротивно ќе треба да се реши проблемот во самиот извор како што направив јас.
3. Зависно при која брзина има вибрации, ако е само при големи може да бидат и плочките причина.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1561 на: 21 Октомври 2019, 13:51:06 pm »
@is200 мислам имаше таков проблем...
Сличен проблем, со тоа што кај мене појавувањето не беше вака драматично и после сервисирањето беше обратна ситуација - перфектно на почеток а се влошуваше после 1-6 месеци.

Но во секој случај, не е ништо страшно, важно е да се знае каде да се бара проблемот. Во мојот случај бев приморан сам да си барам решение, иако имав барано совети од повеќе "механичари со искуство". Затоа сметам дека за механичар треба или некој кој има еден тон искуство - 30-40 години, или машински инженер.
Made in Japan ☮

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1562 на: 21 Октомври 2019, 13:57:42 pm »
Интересно, машински инженер и рамнење дискови ги ставаш во иста реченица. Свака чаС!

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1563 на: 21 Октомври 2019, 14:12:42 pm »
Интересно, машински инженер и рамнење дискови ги ставаш во иста реченица. Свака чаС!
Свака чаС тебе на умо ;)
Made in Japan ☮

Отсутен Basket

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1564 на: 21 Октомври 2019, 14:40:58 pm »
Фала за одговорите.

Вибрација и нерамномерно кочење се приметуваше одма после менување на плочките и рамнење на дисковите. Му реков на мајсторот, ми рече да ја извозам да си прилегнат, а ако не, тогаш ќе ги израмниме уште еднаш.

Откако ја извозив некој 2 месеца, проблемот не се реши, и сега кога отидов повторно, ми велат дисковите треба да се сменат, без воопшто да се приближат до колата.

Вибрирањето при кочење во помали брзини (50-60) е во вид на фаќање и пуштање, ти дава мачнина. Во поголеми брзини 120-130, претерано вибрирање, непријатно.

Можеби дисковите не чинат, не разбирам јас, 6 години нити се сменети нити израмнети, проблем не сум имал никогаш, се се појави после рамнењето.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1565 на: 21 Октомври 2019, 14:53:26 pm »
Колку да се знае :)
Дисковите на Симката од татко ми се сеуште фабричките и не се рамнети и нема никаков проблем веќе 42 години со преку 300 или 400.000 (изгубил математика стариот)

Досега не сум менувал ниту рамнел дискови на ниедна кола што сум возел.
Старо југо, со незнам колку поминати километри, јас поминав со него 150.000
Фиат Типо со наводни 120.000 + 90.000 кај мене.
Меган со 50.000 + 70.000 кај мене.

Отсутен Vojvoda

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1566 на: 21 Октомври 2019, 15:32:11 pm »
dali mozi mislenje se raboti za diskovi dojde vreme da se smenat i diskovi i polcki febi ili ate diskovi ili cenaata mu e febi 7000 diskovi  5680  plocki komplet remsa 2800 ate 4530 se raboti se za golf 5

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1567 на: 21 Октомври 2019, 20:39:10 pm »
Фала за одговорите.

Вибрација и нерамномерно кочење се приметуваше одма после менување на плочките и рамнење на дисковите. Му реков на мајсторот, ми рече да ја извозам да си прилегнат, а ако не, тогаш ќе ги израмниме уште еднаш.

Откако ја извозив некој 2 месеца, проблемот не се реши, и сега кога отидов повторно, ми велат дисковите треба да се сменат, без воопшто да се приближат до колата.

Вибрирањето при кочење во помали брзини (50-60) е во вид на фаќање и пуштање, ти дава мачнина. Во поголеми брзини 120-130, претерано вибрирање, непријатно.

Можеби дисковите не чинат, не разбирам јас, 6 години нити се сменети нити израмнети, проблем не сум имал никогаш, се се појави после рамнењето.

Meне ми делува како да е случај бр.2. Доколку си втор сопственик и претходно не си менувал дискови, можно е да е таква ситуацијата.

Од незнаење сите истото ќе ти го кажат - дисковите дека не чинеле. Не е до дисковите, проблемот е најверојатно во склопот во кој се користат. Да се проверат со компаратор главините кога ќе одиш кај истиот мајстор, да присуствуваш и ти. Мене еден од механичарите ме излага дека ги проверил со компаратор и дека биле супер. Морав сам да мерам за да дојдам до одговорот. Затоа ти предлагам да присуствуваш и ти кога ќе се врши мерењето и да гледаш. Еве нешто што ќе ти биде од корист
https://www.youtube.com/watch?v=goVVZ8TLSGU

Дисковите си се убави, или не се убави израмнети или имаш криви главини и е случајот под бр.2
Made in Japan ☮

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1568 на: 21 Октомври 2019, 22:21:48 pm »
Ramnenje na diskovi (dokolku ima debelina) samo na kola bez vadenje i so sofisticirana masina., od tipot na Pro-cut.

https://www.youtube.com/watch?v=Gsi46G52MOA

Kolku znam takva ili slicna masina vo MKD nema. Najblisku najdov vo Nis i Sofija.
Dokolku ima super, ako nekoj znae neka pusti info.

Resenje saglam:

1. Vadenje diskovite merenje glavcinata dali e ispravna (mada stom treselo po ramnenje, a ne pred toa, ke da e do loso ramnenje)
2. Montaza novi diskovi.
3. Da probas so istite plocki, mada ako se vozeni na losi diskovi podobro novi.


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1569 на: 21 Октомври 2019, 22:45:11 pm »
Колку да се знае :)
Дисковите на Симката од татко ми се сеуште фабричките и не се рамнети и нема никаков проблем веќе 42 години со преку 300 или 400.000 (изгубил математика стариот)

Досега не сум менувал ниту рамнел дискови на ниедна кола што сум возел.
Старо југо, со незнам колку поминати километри, јас поминав со него 150.000
Фиат Типо со наводни 120.000 + 90.000 кај мене.
Меган со 50.000 + 70.000 кај мене.

Најверојатно не си ги ни измерил колку се дебели, си сметал дека нема потреба, пошто кочат добро...исто со татко ми, кочеле супер, немало потреба од менување, а тие од дозволени мин.24 мм стигнале до 18мм и вистина добро кочеа, барем така мислeв...од како ставив нови, како прв пат да ја возев колата, се залепував на волан првите 2 недели.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1570 на: 21 Октомври 2019, 23:10:48 pm »
Не сум ги мерел лично, на сервис си ги гледаат.

Друго е поентата, колку реални километри поминале колите, со какви плочки се возени и со каков стил се возат колите за да дојде до рамнење на дисковите или нивна промена.

Од тоа што можам да видам како  немилосрдно се вози (кочи) пред семафори, патарини, добро е ако издржат 100.000 км

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1571 на: 21 Октомври 2019, 23:57:01 pm »
Nekoj da prenese iskustvo/mislenje za EBC plocki (Ultimax 2 ili Green) za BMW?
Ponasanje vo odnost na orgininalnite?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1572 на: 22 Октомври 2019, 01:01:16 am »
Za BMW не знам, за Alfa со брембо шепи знам: Одлични се Ultimax-от, не треба да плаќаш премиум за Green. Ако сакаш подобри од Ultimax, земи Yellow.
Ultimx-от според мене се подобри од OEM плочки, а по цена се тука или поефтини. Подобар „bite“ имаат, подобар коефициент на триење (веќе навлегуваат во „спортскиот“ оддел со 0.45-0.5),  добро налегнуваат, многу малку чкрипат, добро поднесуваат големи температури (нема изразен fade), и битна работа дури и кога ќе се потрошат и кај други плочки се појавуваат вибрации при загреани кочници, овие „спијат“.
Јас реков дека за секоја кола само Ultimax ќе користам, после 2 последовалтелни добри искуства со истите. Цената ми одговара, перформансите се одлични.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1573 на: 22 Октомври 2019, 02:31:51 am »
Почна некој во Скопје да ги продава?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Kvalitetni Diskovi i Plocki
« Одговори #1574 на: 22 Октомври 2019, 20:49:17 pm »
Се мислам дека и компонентата на дискот е многу битна за добар грип помеѓу дискот и плочката(или пак имам проблем со системот за кочење). Од кога ги ставив гомната од дискови феродо прајмер катастрофално се влоши кочењето. Пробав и со TRW плочки и со ремса, TRW то најдобро кочеа, ама далеку од  предходните дискови и плочки, никаква реакција. Недај боже двапати по ред да стиснеш на педалата, никакво кочење.

Може да е проблемот до самиот систем за кочење? При прво притискање на педалата колку толку кочи, при второ трето последователно притискање далеку полошо кочи. Или сепак е до дисковите и плочките?