Не знам колку се движат здрави Ноут 3 телефони, ова е само препорака до тие што продаваат расипан телефон.
Се случува вака, да прашаат колку е екран, да ја одземат таа цена од просечната продажна цена на телефонот и толку да го продаваат расипаниот. Мислам дека тоа не е фер зошто сепак ти нема да имаш здрав телефон откако ќе го направиш, туку ќе биде отваран со ризик од понатамошни дефекти. Тој ризик треба да се минусира од цената, така што мислам дека Џоле понуди сосема океј цена.