Мене кај Епл ме изфасцинира моментот што „античкиот“ ајФон 7 што го имам уште по дома, едноставно си се најде со 15ката што ја купив пред некој месец, си се подеси со едно внесување на пасворд и толку. Отприлика месец дена претходно имав земено ајПад, истата прича... Нити да се замара, чоек, ни ништо.
Долго време бев корисник на Андроид, па на иОС, па пак Андроид, еве сега пак иОС. Не ми се даваат многу пари за телефон, така да, нов ајФон не би зимал. Арно ама, пошто јаките Андроид телефони (Самсунг, Гугл Пиксел и слично) исто забегаа со цена, јас личнo пре би refurbished ајФон (како што си купив) отколку нов Андроид телефон.
Исто така, стварите што може да се менаџираат и контролираат (достапност на содржини, скрин тајм итн итн) мислам дека кај иОС се подобро решени отколку на Андроид.