Почекај го S26 Ultra, бидејќи Samsung се заборавија малку со сличноста на Ultra серијата. Од S22 до S25 ко друг бренд на тонер во фотокопирот да туриле, дури и на spec sheet-овите.
Све исто, со минијатурни разлики.
Немам следено leaks, ама има некои најави за значително поголеми подобрувања на S26 Ultra? Samsung користам уште од S3 па навака, и до сега, телефоните, освен софтверски проблеми при апдејтирање на оперативниот систем, кој потоа се решава за ден два со пач, друг посериозен проблем немале. За прв пат годинава видов проблем со battery bloating кај S23 Ultra кај пријател. Дали е до често брзо полнење или нешто друго, не знам.
Самсунг мaлку знаат да се заебат со тоа како ги подобруваат моделите. S21 Ultra го направија толку добар телефон, што немаше потреба да се купи S22.
S23 Ultra доби одлични перформанси, па поголемиот дел го прескокнаа S24 и S25, не вредеше да се дадат толку многу пари, за мал добит во перформанси. Се надевам дека S26 ке има нешто ново, а не истиов телефон, само со фејслифт.