За брзо ми истекува договорот во А1. Ако сакам да купам телефон заедно со бонусот (колку и да изнесува), ја гледам основната цена? Се сеќава некој како беше ова?
Да се самоцитирам - Разговарано со агент од продажен салон, поради користење на стари тарифи, три броја на еден ист договор (јас и моите) имаат вкупно 4500 денари субвенции. Тие истите во 2019 би биле со 10к субвенции, каква кражба.
Со тоа можам да си купам некое телефонче со хардверски копчиња искрено, толку можам моментално.
Ако сум почекал уште малку до јули, ќе имало некои летни ваучери и плус да се префрлам на некоја повисока тарифа, ќе сум стигнел до 9к субвенции.

Инаку,
@Mikroos не сум сигурен дали зборуваме за истото, јас само ја знам Mobelix мобиларата во Flatiron во Кисела Вода. Дечките се супер, скроз услужливи се, само ваљда знаеш дека не издаваат фискални, релативно поевтини се уредите и примаат само кеш. И мене на почетокот ми беа онака сомнителни, ама скроз океј се.