Не сум видел тест со реално користење каде што едниот вади драстично повеќе од другиот. Тие со нонстоп корситење 8 саати се бескорисни тестови и ништо не значат. Повисоката температура не значи дека тротла процесорот.
А и за какви перформанси зборуваме, за играње игри? Колку луѓе што имаат телефон играат игри? Повеќето игри не го ни замараат телефонот, може ќе има некоја разлика во COD Warzone на највисоки опции или некоја слична игра.
Јас имам игрици на телефонот 😁
Мош не игри ама други по захтевни апликации некој сака да користи.
Иначе, согласувам се, разликата е минимална. Ама да пукнам
илјада евра за мобилен, и знам дека НЕ го добивам истото, што би го добил од УС. Штознам... За мене тоа се мноогу пари... Јас како прво не би дал толку пари за мобилен, ама ако веќе плаќам толку па бар да биде top of the line
Не дека практично нешто ќе ти смени току ама повеќе е сугестивно, за поарно чувство дека ете најдоброто си го купил. Да се осеќаш супериорен...
Ако гледаме така по реално на повеќето корисници на ес20 и дупло поефтин телефон ќе им забрши работа. Ама сепак го купуваат најскапиот.