Единствено нешто со кое што не се слагам во врска со политиката на однесување на сервисерите за мобилни, е тоа што не се искрени и реални (поголем дел од нив). Сосема јасно е ако некој не сака да ризикува, за да не направи некоја поголема беља.
Само, наместо да каже ТЕЛЕФОНОТ НЕ СЕ ПРАВИ, нека е реален и нека каже, НЕ МИ СЕ РИЗИКУВА, ДА НЕ ГО СЈЕ*АМ.
Мое мислење, мислам дека ако сервисерот се изрази као ТЕЛЕФОНОТ НЕ СЕ ПРАВИ и ако клиентот успее да го опраи телефонот на некое трето место, автоматски сервисерот што го одбил телефонот со причина НЕ СЕ ПРАВИ, станува неспособен. А како таков, неспособен, јас, како и секој друг нормален човек, би го кажал на пријатели/блиски/познаници дека не го бива, да не иде џабе таму.
Па, земајќи го сето ова горе напоменато у обзир, мислам дека воопшто не е ни тешко, а ни срамно, ако конкретен сервисер си каже што е и како е ситуацијата со одреден проблематичен случај. Со тоа сите добиваат. Јас, како клиент идам даље и барам решение за мојот телефон, а он не испаднал неспособен, туку баш напротив, испаднал уште поФЕР.
тоа е тоа...