Јас две зими користам таква работа. Едната година со пумпица, другата година со спреј. Спрејот е подобар за користење, пумпицата од ладното едвај се враќа за пак да шприцнеш, па многу поспоро оди. Функцијата одмрзнување си ја вршат супер, збориме за површински слој, не некој дебел мраз од пола сантим.
На странски форуми имам читано дека се доста агресивни средства што би можеле да ја нагризат со тек на време гумата и пластиката каде се слева течноста. До сега кај мене нема знаци на оштетена пластика/ гума/ бришачи.