Минатата недела се прошетавме до Михајлово (Кавадарци, Кожув), додека малата е на распуст да се поиграме во снег (мада зимскиот распуст го поминува во Демир Капија а таму баш имаше снег неколку дена). Патот, се до исклучувањето за одмаралиштето беше чист и сув коловоз, а од двете страни на патот снег колку сакаш (после ми беше криво што не застанавме кај едно манастирче по пат, немаше толку гужва и непотребно возење до одмаралиштето, за малку да се посанкаме и поиграме во снег).
Од исклучувањето за одмаралиштето, патот бил чистен ама не исчистен скроз, многу кривини, искачување и простор за разминување на 2 коли само на неколку места, што беше и најголем проблем.
Да скратам, стигнавме, едвај паркинг најдов, другите по страна ги оставаа колите, целта си ја остваривме, да ни пројде меракот, со 3 сезона сава ескимо може да се каже дека бев задоволен, некоја преодна оценка, со напомена, тоа што беше останато на коловоз беше замрзнат снег, во еден момент, на една нагорнирна, еден џип се вкопа пред мене без најава за да врти лево, застанав и имав проблем да тргнам, морав да се враќам назад , како и колите позади мене, за да дојдам на малку поправо и да земам залет, ама кажав беше подзамрзнато. На кривини, на качување и спуштање беше ок и доста стабилно, не осетив пролизгување.
Следниот пат би избегнувал викенди или ако одам за викенд би застанал некаде покрај патото до исклучувањето за Михајлово, како што видов дека правеа многу луѓе.
Еве по некоја фотка:














