jas pa mislev samo tolku bilo , toa da bilo beee teerr
Автопатот Велес - Скопје блокиран, се извлекуваат заглавените возила
6. ЈАНУАРИ 2017 - 10:19 | И.М.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.
Според најновите информации од АМСМ, сообраќајот на автопатот Велес-Катланово е во целосен прекин за сите видови возила, поради извлекување на завеани товарни возила кои што синоќа останаа заглавени на овој пат.
На автопатот Велес-Скопје, од наплатна станица „Отовица“ до Кула, денес од 04:45 часот воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила.
Сообраќајот од Скопје кон Велес се одвива отежнато по една коловозна лента.
На регионален пат Тетово - Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин. Магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ од 06:00 е во прекин, поради чистење на снежни наноси.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Плетвар, Ѓавато ,Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан ,Катланово - Велес и обратно.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
http://kajgana.com/avtopatot-veles-skopje-blokiran-se-izvlekuvaat-zaglavenite-vozila