Џиз’с, кога во Њу Јорк ќе падне снег, не е точно дека нипто не работи. Тогаш тријат раце сите оние мини продавници што се наоѓаат низ метро-станиците и транзитите.
Тоа што на слики гледаш празни улици тоа е од една проста причина што пешаците и велосипедистите тој ден решиле да се движат со Метро бидејќи снегот од улиците е избуткан врз тротоарите и има малку простор за разминување. А дека во „Градот што никогаш не спие“ ништо не работело тоа може да го пласираат само идиотите кои сакаат да ја одбранат власта која е неспособна да се справи со најмал снег, па пробуваат да ја споредат со службите во Њу Јорк. Кога ќе успее управувањето со оваа држава да се спореди со она во Америка тогаш јас и ти нема муабет да правиме на оваа тема. Тоа е исто како и оној мајмунот што тврди дека Њу Јорк и Токио имаат ист или поголем индекс на загадување со Скопје. Па за сите што не знаеле да објаснам, кога ќе отидете во Њу Јорк, воздухот мириса како да сте качени на врв на Водно или скопска црна гора или пак кожуф.