Да не претеруваме, SuperB е супер возило, ама не го споредувајте со Audi, поготво не со A8. Со A6 може да се споредува во димензии, не во квалитет, не во дизајн и не во перформанси. A8 е друга приказна и 3-4 пати поскап.
Што се однесува до Октавијата, одлично фамилијарно возило. Ми беше еден од фаворитите кога требаше да купам ново возило, само што јас дефинитивно ќе одев на турбо-дизел 1.9 или 2.0 во зависност од цена/перформанси. Единствен минус кој би и го дал е стабилноста.