стратешки нај добар плински уред е оној кој нема да се заебе за брзо време...
ајде убеди ме зашто е ланди нај добар за мене и зашто мојот избор да биде токму од кај вас...
да во ред е тоа, дека сервисот ви функционира топ, дека не се десило да дојде кола некоја и да му речете да дојде за 2-3 дена да се чека на дел или нешто, туку одма се средува се... ајде, убеди ме и мене и остатокот од аудиториумот зашто баш ланди...
Онак, прашањето е многу незгодно, но ти самиот го формулираше и одговорот во твојата прва реченица.
Сепак ќе се обидам да дадам образложение, а тоа да не наликува на реклама- секој си го фали своето. Закаснувањето со одговор на ова прашање и двоумењето дали да одговорам бездруго е само од таа причина, затоа што претераното потенцирање на својата понуда честопати се претвора во анти-реклама
Формулациите ,,само кај нас,, и,,само нашиот плински уред,, станаа задолжителен декор при презентирањето на понудата на плински уреди.
Секвенциналните плински уреди се произведуваат веќе подолг период, технологијата која е применета кај нив веќе не е нешто ново или тајно, така да сите реномирани производители применуваат исти или слични решенија, а самите уреди, барем на хартија, ги поседуваат истите опции и перформанси.
Така при презентацијата на уредот, формулацијата ,,само кај нас,, или ,,само нашиот уред,, за упатените е само излитена маркетингшка фраза.
Но за просечен возач заинтересиран за плински уред, кој не е информиран како луѓето кои се поврзани со оваа дејност, внесува несигурност и се доведува во дилема дали воопшто да вгради плински уред во своето возило кога некој го убедува дека од 100-тина компании кои произведуваат плински уреди само една знае што прави.
Вистинската разлика меѓу уредите всушност е во постигнатиот квалитет во прозводството на плински уреди и опрема, и во постпродажната поддршка која компанијата ја обезбедува за клиентите кои ги користат нивните производи.
Брендовите кои во моментов се водечки, својата позиција ја постигнаа пред се преку константното вложување во развој и оптимизација на плинските уреди, кои мора да го следат развојот на автомобилските мотори, и преку развиена мрежа на сервиси кои функционираат спрема однапред определени правила и стандарди на компанијата.
Благодарение на интернетот денес пристапот до информации е брз и едноставен, и мошне лесно ќе пронајдете
НЕЗАВИСНИ анализи, студии и рангирања на производителите на автогасни уреди и опрема, кои ќе Ви дадат реална слика за понудата и ќе Ви помогнат при изборот на соодветен плински уред за вашиот автомобил.
Една од таквите студии (на
Фрост и Саливан) ја наведовме во првиот пост од темава. Всушност Компанија Фрост и Саливан се занимава со глобални економски анализи и консалтинг, истражување и анализа на пазарот, специјализирана е за индустриски советодавни услуги, со 50 години искуство и е советник на над 1000 компании ширум светот, со свои канцеларии во 40 земји на 6 континенти.
Врз основа на договорите на Landi Renzo со производителите на возила , како и врз основа на реномето и искуството на Плимонт, импортерите на нови возила кои нудат опција за купување на нов автомобил со вграден плински уред или вградување на уред во гарантен рок, одбраа да соработуваат со Плимонт при реализација на своите ЛПГ (плин) програми.
Во моментов течат три рекламни кампањи кои се медиумски покриени и во кои се нудат нови возила со ЛПГ погон, на:
-
SKODA (Порше Македонија)-
FIAT (Аутомобиле СК)-
CITROEN (Авто нова) Во сите три кампањи учествува Плимонт. Покрај овие брендови, под одредени услови, можете да набавите нови возила со вграден плински уред од типовите Volkswagen, Seat, Renault, Dacia, Ford, Lada, Peugeot, Kia, DFM, Opel, Chevrolet...
Така, покрај тоа што Landi Plus Max е далеку најпродаван уред во Македонија за последните 2 години, тој учествува со 95% кај новите возила кои купувачите ги набавуваат со вграден плински уред.
Во однос на темпото со кое пристигнуваат новитетите кај нас работите денеска се дијаметрално спротивни од тоа што се случуваше пред повеќе од две децении. Во тогашната СФРЈ секоја новина доаѓаше со 5-6 години задоцнување.
Моментната ситуацијата е поинаква -достапноста на новите уреди е иста и тука и во западна европа, дури производителите на автогасна опрема се повеќе новите модели на плински уреди ги промовираат во т.н. пазари во развој, од каде црпат информации и искуства пред да се промовираат на пазарот на ЕУ.
Нашата одлука да не се инсистира на брзо воведување на новите плински уреди во нашата понуда ја донесовме со цел да се сочекаат првичните практични резултати од веќе вградените уреди.од други европски земји, и да се избегне или намали на минимум потребата од дополнителни корекции на уредот.
Во моментов Ланди Рензо веќе ги има во редовна продажба секвенционалните уреди од серијата Evolution кои се опремени со брзи AEB инјектори. Нивната главна карактеристика е што нема потреба од тековно одржување (промена на филтери и сл.) по вградувањето.
Досега направивме пробни монтажи со LSI –PRIME уредот од
Evolution серијата на десетина возила и го следиме неговото однесување во реални услови на возење.. Доколку се покаже во пракса издржлив како Ланди Плус Макс, најверојатно во текот на Септенври ќе го внесеме во нашата редовна понуда.
Истото се однесува и за FSI,TFSI (
мотори со коморно вбризгување на гориво) уредите од третата генерација кои работат со самокалибрација. Ние сеуште ја преферираме опцијата на плински уред со однапред-фабрички калибриран софтвер, кој се нарачува спрема бројот на моторот на конкретното возило.
Поздрав