Автор Тема: PLIMONT / Избор на стратешки плински уред за тековна 2012 година  (Прочитано 31304 пати)

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Досега често пишувавме за изборот на плински уред, од аспект на клиентите кои избираат тип на плински уред за своето возило.
Сега се осврнуваме на еден малку поинаков избор на плински уред, поточно како ние одбравме партнер кој ќе не снабдува со опрема за алтернативни горива, поточно кој плински уред Плимонт ќе го одбере за стратешки за 2012 година

Важно е следењето на информации од меѓународни институции кои изработуваат студии и известувања за пазарот на автогасни уреди, кои периодично се публикуваат за потребите на инвеститорите на берзите, автомобилската индустрија  и економските аналитичари. Тука можеме да ги вброиме извештаите на Mediobanca Securities, Companies Annual Report Euro Rebased, Frost &Sullivan, Citigroup....Следењето на овие извештаи дава слика за пазарното учество на компаниите од автогасниот сектор, нивниот потенцијал, достигнато технолошко ниво, гама на производи итн
Извештаите  меѓу другото се однесуваат на применетите материјали и технологија, што за нас претставува дополнителна сигурност во однос на квалитетот на уредите кои ги употребуваме.

Кога ја започнувавме  потесната соработка со Ланди Рензо во далечната 2006-та, Плимонт веќе беше фирма со огромно искуство и добра информираност и поврзаност со сродните фирми од регионот. Со други зборови, веќе знаевме кои предуслови треба да ги исполнува брендот  кој ќе го застапуваме на македонскиот.пазар
Од друга страна, тоа беше време кога се менуваше трендот на побарувачка за плински уреди, и за разлика од времето кога корисници беа претежно сопственици на постари возила, веќе доминантна стана побарувачката за вградување во нови возила. Ланди Рензо во овој сегмент е во предност пред другите производители заради неговата соработка со производителите на возила (ОЕМ), со некои од нив на светско ниво (Volkswagen ,Fiat, Renault, Peugeot, Citroen, Opel, Dacia, Toyota, MINI, Nissan) а со некои на регионално (BMW за Италија, Chevrolet за Германија...). Со групацијата General Motors заеднички развиваат технологија за водороден погон.


Клучен фактор кој влијаеше на нашето мислење беше извештајот на Mediobanca Securities







- Беше важно да се одбере производител со долга традиција, што е своевидна гаранција за неговата стабилност и натамошно одржување на пазарот. Ланди Рензо е производител на уреди за алтернативни горива од 1954 год, со долг период на опстојување на пазарот и со своите брендови е водечка сила  во автогасната индустрија


Во 2008 година го купува Lovato SpA. Промените кои настанаа по ова превземање се предмет на извештајот на Companies Annual Report Euro Rebased од 2008 година







Во 2010 година излегува и студијата на Frost &Sullivan


















- Информациите кои доаѓаат од наши колеги од регионот кои соработуваат со импортери на нови возила, ни даваат слика за прифатеноста и рејтингот на одредени брендови и типови на уреди. Од тој аспект, во регионот на Југоисточна европа најбарани се Ланди Рензо Ловато и БРЦ.

- Потоа, важен фактор е достигнатото ниво на технолошки развој. Всушност и големата предност пред останатите производители на плински уреди Ланди Рензо ја направи во почетокот на ерата на секвенционалните плински уреди, сосем нова технологија каде што до израз дојде сериозноста во развојот на новата генерација на плински уреди и способноста да се произведе цела гама на секвенционални уреди.

- Глобалното присуство на брендот, - моќен производител со раширена мрежа на дистрибуција, а не мала фирма која сеуште е во фаза на првите чекори на пошироко меѓународно присуство
Глобалното присуство значи лесна и брза достапност на резервни делови, што е предност на големите производители кои преку мрежата на дистрибутери имаат добра покриеност со сите потребни делови за одржување на уредите.Бенефитот од ова го чувствуваат клиентите кои секогаш се навремено услужени

- Логистичка поддршка од страна на производителот. Се среќаваме со најразлични типови на возила, некои од нив се многу чести а но има и  ретки модели кои доаѓаат во Плимонт не почесто од 1-2 возила во текот на годината. За да бидеме во состојба да примиме за вградување на плински уред најразлични модели на возила,  важна е логистичката поддршка од страна на техничката служба на производителот, без чии информации нема да бидеме во можност квалитетно и со сигурност да го услужиме клиентот. Ова посебно се однесува на нови модели на возила. Плимонт има соработка со поголем број на увозници на нови возила, и при пристигнувањето на новите модели добредојдени се информациите за нив кои ги обезбедува Ланди Рензо.
Ланди Рензо во своите моќни тестни постројки има капацитет за испитување на голем број на возила. Резултатите од овие испитувања се патоказ за работењето на сервисите за вградување на Ланди Рензо уреди, врз основа на нив се примаат возила за вградување на уред, или се укажува на евентуални специфичности или отстапувања по вградување на плински уред, доколку тоа се очекува кај некој модел.

- Покрај стандардните монтажи на плински уреди, и порано и сега, наша пракса е да се следи и документира функционирањето на разни типови на уреди, со цел да се добијат практични информации за нивното функционирање во наши услови на возење.  Следењето на уредите воглаво се концентрирани на:
   - перформанси на уредот
   - колку техничките решенија на производителот се покажуваат практични
   - колку е лесна употребливоста на плинскиот уред  за возачот
   - трајност на компонентите
   - потреби за сервиирање
   - колку се високи трошоците за одржување

Посебно внимание треба да се обрати на типот на секвенционален уред кој Плимонт мора да го одбере за 2012 година. Трендот на голем интерес за вградување на плински уред, кој во Плимонт го бележиме во последниве години, предизвикува и зголемувањето на бројот на возила кои се возат на плински погон, што во иднина може да предизвика проблеми заради потребата за нивно одржување. Зголемувањето на персоналот за одржување е тешка одлука, персоналот не само што треба да има посетувано специјални обуки туку мора да има и огромно искуство во решавање на евентуалните проблеми кај возила со вграден плински уред.

Ланди Рензо има широка палета на секвенционални уред:
  -   Landi Renzo Omegas
  -   Landi Blu
  -   Landi Plus Max
  -   Landi Renzo Evolution

За изборот на Ланди Плус Макс уредот од палетата на Ланди Рензо, како најприфатлив уред во наши услови на експлоатација, најзначајни беа добиените резултати од следењето на возилата  кои опремени со овој уред се возеа на плински погон повеќе од 18 месеци. Со Ланди Плус Макс добиваме стабилен уред со стабилни и трајни компоненти.

Ланди Плус Макс има најмали потреби за одржување. Проблемите кои на плински погон можат да настанат кај постари возила со амортизирани делови, најмалку се чувствуваат кај Ланди Плус Макс.

Заклучок, нашиот избор е Ланди Плус Макс и во 2012 година да биде уред кој ќе го нудиме како оптимална солуција за конверзија на возила на плински погон.


« Последно менување: 03 Април 2013, 12:48:44 pm plimont »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Пријатно сум изненаден од обемноста на студијата и ви честитам. Се надевам дека ќе го подобри вашиот бизнис модел и ќе ве зајакне како компанија.

Само едно нешто не ми е јасно.

Проблемите кои на плински погон можат да настанат кај постари возила со амортизирани делови, најмалку се чувствуваат кај Ланди Плус Макс.

Може ова малку подобро да се формулира и објасни?

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Пријатно сум изненаден од обемноста на студијата и ви честитам. Се надевам дека ќе го подобри вашиот бизнис модел и ќе ве зајакне како компанија.

Само едно нешто не ми е јасно.

Проблемите кои на плински погон можат да настанат кај постари возила со амортизирани делови, најмалку се чувствуваат кај Ланди Плус Макс.

Може ова малку подобро да се формулира и објасни?

Благодариме за мислењето Falanga. Забелешката е на место, некои работи во постот не се докрај дефинирани, но тоа е за да се избегне преголема должина на текстот. Кратко појаснување -  кај релативно постарите  и амортизирани возила информациите кои доаѓаат од бензискиот ECU не се секогаш коректни или имаат секундарни прекини. Од таа причина плинскиот ECU (исто како и бензискиот) содржи софтверски филтри кои овозможуваат корегирање (или занемарување) на аномалиите во информациите кои доаѓаат до него. Софтверот кој го поседува Ланди Плус Макс во пракса се покажа дека најдобро ги филтрира тие информации. Самиот софтвер на Ланди Плус Макс е последниот софтверски производ развиен од Landi Renzo. Во него се содржани долгогодишното искуство на производителот и на мрежата на сервиси кои ги вградуваат уредите на Landi Renzo, а во првите месеци по неговото промовирање, личното искуство и повратните информации од мрежата на сервиси кои ги прибираше Landi Renzo во многу краток рок беа преточувани во update-и на софтверот, кој е дирекно поврзан со техничката служба на Landi Renzo.


Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
За илустрација на претходниот текст постираме пример од известувањата за нов “update” за  Landi Plus Maks  софтверот кој го доставува техничката служба на Landi Renzo. Самиот “update” автоматски го превзема секој компјутер кој е поврзан во системот на Landi Renzo. Примерот кој го постираме е за проблемот кој се јави во региони со ладна клима, единствениот проблем кој во пракса  го забележавме од почетокот на вградувањето на Landi Plus Maks.





Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
стратешки нај добар плински уред е оној кој нема да се заебе за брзо време...

ајде убеди ме зашто е ланди нај добар за мене и зашто мојот избор да биде токму од кај вас...

да во ред е тоа, дека сервисот ви функционира топ, дека не се десило да дојде кола некоја и да му речете да дојде за 2-3 дена да се чека на дел или нешто, туку одма се средува се... ајде, убеди ме и мене и остатокот од аудиториумот зашто баш ланди...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Onak sum koristel landirenzo omega. Odlicen e. Samo sto vo Bugarija go prepodesija i smenija nekoi setinzi i kkolata se zasipna ama pocna da trosi 11l-13l gradska (Lada Niva 1.7i).

Отсутен Traki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Plimont,
Za Fiat Bravo 1.4 90KS 2008god. koj ured bimi preporacale, i kakvo iskustvo imate, so ogled deka kaj vas spored galerija imate samo dve vozila od vakov model so instaliran plinski ured.
kako se pokazaa posle 1000, 3000 i poveke kilometri uredite, imate li info od sopstvenicite.
Mi treba malce podetalno.
Pozdrav

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Тој мотор го има во сите Фиатови возила, а Фиатови возила во Плимонт имаат инсталирано катаљарда. Практично официјалните понуди на Фиат со вграден плински систем се монтира токму во Плимонт. А што официјално дилерите нудат возила со вграден плин за кои важи гаранција тогаш сигурно нема некаков проблем или некомпатибилност. Но, за детали нека се произнесат Плимонтови.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Traki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
10Q gOJDO, i ova ako moze nekoj da mi odgovori: za kolku vreme se montira?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54984
  • Махер
За еден ден би требало да е готово (околу 5 часа), секако со претходно закажување.

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
Plimont,
Za Fiat Bravo 1.4 90KS 2008god. koj ured bimi preporacale, i kakvo iskustvo imate, so ogled deka kaj vas spored galerija imate samo dve vozila od vakov model so instaliran plinski ured.
kako se pokazaa posle 1000, 3000 i poveke kilometri uredite, imate li info od sopstvenicite.
Mi treba malce podetalno.
Pozdrav

Галеријата www.plimont.com служи за да се погледне пример за монтиран плински уред на конкретен тип на возило, нема шанса во галеријата да ги собере фотографиите од сите возила на кои сме ставиле плински уред. ;D
Вашето Браво е опремено со стандардниот Фиатов 1.4 литарски мотор, на кој често се поставува плински уред. Се работи за мотор кој сосем добро се однесува на плински погон и немаме повратни информации за проблеми , ни по поминати неколку десетици илјади километри.
Наша препорака е да се постави Landi Plus Мax уредот, кој е со цена оп 540 евра. Доплата за торусна плинска боца која се поставува на мето на резервно тркало е 30 евра.
Поздрав


Отсутен Traki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
OK, sega samo da se prebrojam i Plimontovci me gledate za nekolku dena.
Pozdrav

Отсутен plimont

  • Модератор
  • Јуниор
  • *****
  • Пораки: 868
  • http://www.plimont.com тел.02/2554-666
    • galerija
стратешки нај добар плински уред е оној кој нема да се заебе за брзо време...

ајде убеди ме зашто е ланди нај добар за мене и зашто мојот избор да биде токму од кај вас...

да во ред е тоа, дека сервисот ви функционира топ, дека не се десило да дојде кола некоја и да му речете да дојде за 2-3 дена да се чека на дел или нешто, туку одма се средува се... ајде, убеди ме и мене и остатокот од аудиториумот зашто баш ланди...


Онак, прашањето е многу незгодно, но ти самиот го формулираше и одговорот во твојата прва реченица.
Сепак ќе се обидам да дадам образложение, а тоа да не наликува на реклама- секој си го фали своето. Закаснувањето со одговор на ова прашање и двоумењето дали да одговорам  бездруго е само од таа причина, затоа што претераното потенцирање на својата понуда честопати се претвора во анти-реклама

Формулациите ,,само кај нас,, и,,само нашиот плински уред,, станаа задолжителен декор при презентирањето на понудата на плински уреди.

Секвенциналните плински уреди се произведуваат веќе подолг период, технологијата која е применета кај нив веќе не е нешто ново или тајно, така да сите реномирани производители применуваат исти или слични решенија, а самите уреди, барем на хартија, ги поседуваат истите опции и перформанси.

Така при презентацијата на уредот, формулацијата ,,само кај нас,, или ,,само нашиот уред,, за упатените е само излитена маркетингшка фраза.

Но за просечен возач заинтересиран за плински уред, кој не е информиран како луѓето кои се поврзани со оваа дејност,  внесува несигурност  и се доведува во дилема дали воопшто да вгради плински уред во своето возило кога некој го убедува дека од 100-тина компании кои произведуваат плински уреди само една знае што прави.
Вистинската разлика меѓу уредите всушност е во постигнатиот квалитет во прозводството на плински уреди и опрема, и во постпродажната поддршка која компанијата ја обезбедува за клиентите кои ги користат нивните производи.

Брендовите кои во моментов се водечки, својата позиција ја постигнаа пред се преку константното вложување во развој и оптимизација  на плинските уреди, кои мора да го следат развојот на автомобилските мотори, и преку развиена мрежа на сервиси кои функционираат спрема однапред определени правила и стандарди на компанијата.

Благодарение на интернетот денес  пристапот до информации е брз и едноставен, и мошне лесно ќе пронајдете  НЕЗАВИСНИ анализи, студии и рангирања на производителите на автогасни уреди и опрема,  кои ќе Ви дадат реална слика за понудата и ќе Ви помогнат при изборот на соодветен плински уред за вашиот автомобил.

Една од таквите студии (на Фрост и Саливан) ја наведовме во првиот пост од темава. Всушност Компанија Фрост и Саливан се занимава со глобални економски анализи и консалтинг, истражување и анализа на пазарот, специјализирана е за индустриски советодавни услуги, со 50 години искуство и  е советник на над 1000 компании ширум светот, со свои канцеларии во 40 земји на 6 континенти.


Врз основа на договорите на Landi Renzo со производителите на возила , како и врз основа на  реномето и искуството на Плимонт, импортерите на нови возила кои нудат опција за купување на нов автомобил со вграден плински уред или вградување на уред во гарантен рок, одбраа да соработуваат со Плимонт при реализација  на своите ЛПГ (плин) програми.
Во моментов течат три рекламни кампањи кои се медиумски покриени и  во кои се нудат  нови возила со ЛПГ погон, на:
-   SKODA (Порше Македонија)
-   FIAT      (Аутомобиле СК)
-   CITROEN  (Авто нова)
 Во сите три кампањи учествува Плимонт. Покрај овие брендови, под одредени услови, можете да набавите нови возила со вграден плински уред од типовите Volkswagen, Seat, Renault, Dacia, Ford, Lada, Peugeot, Kia, DFM, Opel, Chevrolet...
Така, покрај тоа што Landi Plus Max е далеку најпродаван уред во Македонија за  последните 2 години, тој учествува со 95% кај новите возила кои купувачите ги набавуваат со вграден плински уред.

Во однос на темпото со кое пристигнуваат новитетите кај нас работите денеска се дијаметрално спротивни од тоа што се случуваше пред повеќе од  две децении. Во тогашната СФРЈ секоја новина доаѓаше со 5-6 години задоцнување.
Моментната ситуацијата е поинаква -достапноста на новите уреди е иста и тука и во западна европа, дури производителите на автогасна опрема се повеќе новите модели на плински уреди ги промовираат во т.н. пазари во развој, од каде црпат информации и искуства пред да се промовираат на пазарот на ЕУ.

Нашата одлука да не се инсистира на брзо воведување на новите плински уреди во нашата понуда  ја донесовме со цел да се сочекаат првичните практични резултати од веќе вградените уреди.од други европски земји, и да се избегне или намали на минимум потребата од дополнителни корекции на уредот.

Во моментов Ланди Рензо веќе ги има во редовна продажба секвенционалните уреди од серијата Evolution кои се опремени со брзи AEB инјектори. Нивната главна карактеристика е што нема потреба од тековно одржување (промена на филтери и сл.) по вградувањето.
Досега направивме пробни монтажи со LSI –PRIME уредот од Evolution серијата на десетина возила и го следиме неговото однесување во реални услови на возење.. Доколку се покаже во пракса издржлив како Ланди Плус Макс, најверојатно во текот на Септенври ќе го внесеме во нашата редовна понуда.



Истото се однесува и за FSI,TFSI (мотори со коморно вбризгување на гориво) уредите од третата генерација кои работат со самокалибрација. Ние сеуште ја преферираме опцијата на плински уред со однапред-фабрички калибриран софтвер, кој се нарачува спрема бројот на моторот на конкретното возило.
Поздрав
« Последно менување: 30 Април 2012, 12:25:22 pm plimont »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Plimont, ви се восхитувам на умешноста при презентирање на производите, независно, точно, скромно и со голема доза на експертиза ...
Т.е на вашиот ПР тим ..

Браво ....
 
Речникот и пристапот ви се за секоја пофалба, за разлика од некои "eксперти" кои имаа кратка авантура тука на форумов ...

Уште еднаш, секоја чест ...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Odlicno prezentirano Bravo :)