Не беше тоа муабет, имаа такви ограничувања компаниите, ама паѓаа на суд. Сега не ни имаат со одлука на националното биро за осигурување.
Значи ако нема повредени и нема оштетувања на витални делови за сопирање и управување, односно може на сопствен погон безбедно да се вози возилото може да се наплати со европски извештај односно записник.
А ако има витални повреди на возилото и не може да се движи и има повредени лица, тогаш 250 евра записник и полиција кој и да викне го плаќа виновниот што ќе го прогласи судот за виновен? Сигурно?
Дали некој имал искуство, дали оштетениот учевствува во прекршочната постапка и дали е запрашан дали бара оштета од обвинетиот?
Јас сум учевствувал како оштетен во сообраќајка ама беше кривично, обвинетиот го напушти местото на настанот без да укаже помош, и ме праша судот дали барам оштета, ама не знам дали е исто во прекршочна?