Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 624350 пати)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1710 на: 28 Март 2016, 22:52:48 pm »
Дали некој има купено телевизор од Грција, со поврат на ДДВ? Гледам имат многу поголем избор и цените им се подобри, и мислам дека за нивен пазар имат поквалитетна роба од колку крпи залепи што се продава кај нас.
При Димитар,попусти добри и сигурна гаранција,да мкнам телевизор од Грција би било ненормална работа.
Кај ќе го криеш телевизорот од царина само ме интересира :/
А и да поминеш што нема шанси ако е над 40 инча пак си во загуба

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг:
« Одговори #1711 на: 07 Април 2016, 18:12:03 pm »
Може ли помош за избор на ТВ од следниве:
https://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=41869&i=93&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action= цената би била околу 40 000 за овој модел
https://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=45585&i=93&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=V
http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs/SAMSUNG-50J6202-50-127cm-FullHD-SMART-TV68212
Најчесто ќе се користи за филмови и спорт, моментално сум на телекабел, тв-то е на далечина од 3,5-4,5 метра.
Може и други предлози, мин. 50 инча до 50 000 денари.philipsot е 55 инча но според цената нешо ко да му фали- нема попкорн или сл други апликации, негде прочитав и зезање со споро менување на канали и сл.
Како бекап опција може да влезат и 
http://panevropa.com.mk/tcl-proizvodi/tcl-l48s4603ds

http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs/TELEFUNKEN-T48FX265DLBPOS-48-122cm67253 но не е достапен моментално.
Како опција е и да земам Ми бокс про у случај да не прекорачам 50 000 денари.

Sent from my Redmi Note 2 using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1712 на: 07 Април 2016, 18:36:41 pm »
Сонито без дискусија. Следен Самсунгот.

Другото не го гледај ич.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви тр&
« Одговори #1713 на: 08 Април 2016, 01:30:22 am »
Сонито без дискусија. Следен Самсунгот.

Другото не го гледај ич.
Ова сони

https://amc.com.mk/ShopDetal.aspx?ArticleID=41869&i=93&l=MK&q=&SupplierArticleID=&Action=

И ова сони не се исти

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215743

Првиов од Амц им е модел од 2012-13-14 година.Значи некаде стоел истиот.Се надевам дека не се тоа на рафтови,како што правеа порано,туку во кутија.
Пази BBAEP i CBAEP не е исто.
BBAEP e стар модел без подршка за нов софтвер и остало.Ako не ти смета земај,но која е логиката да биде сони а да биде стар модел.

Нашиве трговци се мангупи,па многупати може да си го платиш како нов,а да си добиеш користен тв :(
Сомнителност имај стално.И за коли е истото.Мене за малку во салон на Опел ќе ми бутнеа астра фарбана.

Двоеше бојата на цела предница на ново возило.На моето прашање зашто бојава двои ми кажаа дека не ја доисполирале. :/
Не можев да им верувам на зборовите во тој момент.




Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг:
« Одговори #1714 на: 08 Април 2016, 08:12:02 am »
На кој ќе направиш најголем попуст тој го земаш. Важно е да има 5 години гаранција. Софтверот е андроид и секој месец има апдејт.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1715 на: 08 Април 2016, 08:31:49 am »
Кој продава сони со 5 год гаранција?
Сет го имаат во флаерот, ама во продавница викаат 2 дека има.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг:
« Одговори #1716 на: 08 Април 2016, 08:34:56 am »
Амц и пред се Сони мк.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4290
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1717 на: 08 Април 2016, 09:06:51 am »
Во Сетек, Сони галерија, АМЦ  даваат 5 години гаранција на Сони.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1718 на: 08 Април 2016, 09:52:47 am »
@Zamisli cbaep (Сони 42ка, не 50ка) се покажа задоволително. Добра слика, вграден вај-фај и такви слични глупости, ги „свири“ сите видео и аудио кодеци. Проблем се титловите, кои се ситни и не може да им се менуваат фонтовите, величината, сенки и оквири. Како и кај 99% од сите вградени во ТВ андроид плеери, титловите се слаба страна. Сите апликации се кастом за Сони и нема плеј стор - ама кој при здрав прамет темели купување на телевизор според тоа? (кога за евтини пари има одлични надворешни плеери)

Претпоставувам дека 50ката е од истата серија и со слични карактеристики. cbaep серијата му доаѓа нешто како средна класа телевизори од Сони, со добар однос цена/перформанси.
Препорачувам.

А ако евентуално ти е неопходен подобар ТВ плеер од вградениот тогаш го препорачувам овој плеер:
http://www.gearbest.com/tv-box-mini-pc/pp_324842.html?vip=121454

MXQ TV Box кошта под 30 долари испорачан на врата, а гарантирано ќе врти кругови окулу било кој од вградените плеери што ги има и во многу поскапите телевизори. Има вај-фај плус жичан интернет. Работи и со HEVC (H.265), пушта и 4К видеа со 60 фрејма во секунда, секакви подесувања на титловите, целосно функционален гугл плеј стор, XBMC / Codi (за кој има плагини за спорт и секакви филмови и серии) ... Повели најди ми подобар вграден тв плеер, и частам пијачка!  :)


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг:
« Одговори #1719 на: 08 Април 2016, 10:33:27 am »
Овие телевизори кои се спомнаа имаат плејстор и се 99.9% исти меѓусебно. Да не се помеша човекот да помисли дека немаат плеј стор или дека има некоја разлика меѓу нив.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1720 на: 08 Април 2016, 11:07:50 am »
Зборував конкретно за:
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=215062

Не знам како стои работата со другите модели од cbaep серијата, а kdl 40 r 450 cbaep дефинитивно нема ни гугл плејстор, ниту било кој друг алтернативен стор. Што како што реков не е ни битно, пошто има евтини плеери кои нудат многу повеќе (од што најважна е репродукцијата на H.265 ). Телевизор се одбира според квалитетот на сликата, не според софтверот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг:
« Одговори #1721 на: 08 Април 2016, 11:09:22 am »
Серија 4 и серија 8. Тоа е разликата. Немаат допирни точки.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1722 на: 08 Април 2016, 11:10:49 am »
Допирни точки имаат можеби во споредлив квалитет на сликата (мое лично мислење, од гледање во преосветлен салон на Нептун). Во цената секако немаат допирни точки.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11884
  • Архитект
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1723 на: 08 Април 2016, 11:43:25 am »
Некој добар држач за на ѕид ?

Да фаќа до 60 инч - тв. Да можи да го одвои од ѕидот и да го врти +-90 степени тв- то.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #1724 на: 08 Април 2016, 11:51:38 am »
Уфф... да се врти за 90 степени телевизорот? Можеби се збуни?
Пошто за 60 инчен телевизор, тоа би значело едно 31 инчи (81см) растојание од ѕидот.

Алтернативна опција би била комода за телевизор со горна плоча која се ротира. За стариот ЦРТ ТВ имав комода со таква плоча. Плазмата ми е закачена на ѕид со држач во домашно производство, ама тоа не ти одговара пошто поврзувањето е фиксно без никакви опции за вртење.