Не го споредувам воопшто. Такви глупости имаат филипс што не вреди да се замарам да споредувам. Прво и основно ако се видат во живо еден до друг разликата во панели е евидентна. Тука само Самсунг и Сони може да се споредуваат, и Панасоник. За поскапите модели зборувам. Филипсот е комедии панелот. На хартија само. Плус, сонито има Андроид, Филипсот незнам што има некој негов - пројде тоа време. Излезот од слушалки на филипсот (кој мене ми оди во појачало) неможе да се регулира со копчињата за глас, траба да се оди во мени. Страшно, страшно. Не ми се веруваше на очите дека нема таква опција да си попуштам и смалувам дирекно. Ова ја го враќам одма во салон, фала пријатно. Тоа ми е круцијално. Ај слабо што фаќа мрежа не ми мења толку и онака телевизорот мора да е на кабел за да е салам и да не ми оптеретува Wifi. Judder дека се појавуваше на сите освен Сонито тоа башка на 24 фрејма, на 60 фрејма. Интерполацијата на сони за 60фпс е фантастична и не смета, за разлика кај Шарп 80 инча која морам да ја гасам. И за крај како капак на се Сонито има 5 години гаранција, а играчкине имаат 2. Ајт со здравје.
Едино звукот не го споредував, тука може да има конкуренција. Јас не го користам телевизорот како звучник во појачало ми е со салам звучници и не би знаел да искоментирам за квалиетот на звукот од телевизорот. Не ми е битен.
Ова не го тврдам или да дискутирам, туку дека апла тазе зимав телевизор и барав ствари и шетав по салониве па ми е тазе мое искуство. Се чудев, се чудев за некои ствари како може толку глупо да се решени. Потресиетлни работи.