Јас? На некои 60+см растојание (мониторот е 22'').
Според некои ергономски правила мислам дека идеално растојание е окулу 70см.
Но еден метар... тоа дефинитвно е премногу далеку според сите стандарди. Нејсе, муабетов ми е дека нема логика, да се користи голем екран на големо растојание. Губи смисла големата дијагонала, величината на пикселот се намалува.
Може да има логика само од економски аспект, пошто телевизорите од 28'' и 32'' се навистина евтини. Но има зошто се поевтини од наменски компјутерски монитори: полош контраст и осветлување, генерално полоши карактеристики (кои се не се приметуваат толку кога си подалеку од екранот). Или ако на некој му треба баш 4К резолуција од некои причини, ама растојанието на гледање е пак релативно приближно како со стандарден монитор (инаку величината на пикселот станува премала, што е голем проблем за мониторска намена).