Имам: 50" плазма од Самсунг, „неинтелигентен„ модел но споен преку HDMI со РСто и така направен „попаметен„. Прилично солиден квалитет на сликата, се изненадив во однос на тоа што Самсунг тука некако не го почитуваат многу. Иако е „само„ 720р, јас лично не ја гледам разликата во резолуција во однос на фулХД моделите... барем не на стандардната даличина од 2+ метри.
Пред некоја година имаа во Техномаркет некоја акција старо за ново и го начекав за нецели 40 илјади, башка ми го донесоа дома и ми земаа некој стар расипан црно-бел музејски примерок (од кој одамна беа извадени звучниците и електрониката).
Ми треба: 2-3 табли квалитетна шпер плоча од бреза, 18мм или подебела, конечно да се натерам себеси да си ги направам звучниците и чудовиштето од сабвуфер.