@vlatko.klp Вака тргна работата - 40-ка Самсунг на растојание од 3.5 метри. ОК беше...
Се преселив во помал стан, 55-ката на растојание од околу 2.5 метри. Ефектот беше WOW, комбиниран со LG комплетен сараунд саунд со блу-реј плеер.
Ама, пред 4 години. Апетитите ми пораснаа. Времето на навикнување на големината пута растојанието беше 20 минути од првиот филм што го пуштив со висок квалитет.
Зависник сум веќе.
@loopz Така се чини. Со многу луѓе се расправам за оваа работа, демек "а бе луд си, блиску е, очи ќе истераш, ништо не гледаш" и сл. коментари, ама се тоа се луѓе што телевизија или филм гледаат само кога проаѓаат пред телевизор.
Кога го купив, морав да ги спуштам задните седишта и да ги бутнам напред предните во колата, за да го донесам до дома (мала ми е колата

).
Го исправам на комодата, кога го виде сопругата, сакаше развод.
Сега да ја прашаш, ќе ти рече дека за кратко се навикна и дека не е проблем на таа далечина да се гледаат 65 инчи. Минимум.