Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 567967 пати)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11843
  • Архитект
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2265 на: 17 Октомври 2018, 13:45:47 pm »
Види за полнач во Галерија што ќе ти кажат.

https://www.galerija.com.mk/

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2266 на: 17 Октомври 2018, 15:41:19 pm »
А баш пред малку ми стигна полначот од Анхоч и телевизорот си проработи.

@malinamamun

Кажи ми од каде го зеде оригиналниот полнач и по која цена?

Прво Земав заменски како тебе од логинг бидејќи мислев дека ќе завршам работа.

Откако изгоре телевизорот сменив плоча од 130 евра од ebаy плус давачки (бидејќи мојот е поскап се исплатеше да се прави) а полначот го купив од галерија 5800 денари на акција.

Смешно ми изгледа тоа што полначот заменски уште си работи, иако ми го изгоре телевизорот.
Само оригинал. Провери сега може и да е поевтин во галерија.
« Последно менување: 17 Октомври 2018, 15:50:20 pm malinamamun »

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2267 на: 17 Октомври 2018, 16:16:35 pm »
Сега се јавив ми рекоа дека немаат.Чекам да ми се јават од видео дата за дали имаат адаптер на лагер,или ќе нарачуваат.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7299
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви требk
« Одговори #2268 на: 17 Октомври 2018, 16:55:03 pm »
Браво @malinamamun на несебично споделеното искуство.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2269 на: 18 Октомври 2018, 10:07:02 am »
Сега се јавив ми рекоа дека немаат.Чекам да ми се јават од видео дата за дали имаат адаптер на лагер,или ќе нарачуваат.

Е баш си среќен Аudi.  Еве што ти најдов денес.
Кога мене ми требаше све превртев немаше, па морав нов да земам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3047130

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2787
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2270 на: 18 Октомври 2018, 10:31:28 am »
Ako nekoj prodavac se obide da vi kazuva deka neispravna tehnicka roba, znaci otvaras doma i gledas nesto ne raboti kako treba, moralo da se vrati neotpakuvana vo fabricka ambalaza znajte deka ve mami.

Davaat netocna informacija, i se povikuvaat na drug clen od zakonot za zastita na potrosuvaci koj se odnesuva samo na ispravna roba a ja vrakas onaka od sto ti teknalo ne ti se sviga radi velicina, boja, ili druga pricina. Togas imas pravo da go vratis vo  rok od 15 dena, i samo togas mora da e neotpakuvan.
Za neispravna roba ne treba da e zapakuvana, kako inace ke znaes deka e neispravna i ne si go probal proizvodot.

Nedelava imav eden problem i taka se ponasaat i vo Neptun i vo Setec.
Zatoa proverete pravati koi ni sleduvaat kako potrosuvaci i zastitete se.

Izvadok vo slucaj na neispravna roba, sami birame! :

"Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:

– бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;
– сразмерно намалување на продажната цена;
– замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;
– замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и
– раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален."

p.s.
Molam ako ne e soodvetna temata postov da odi kaj treba.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2271 на: 18 Октомври 2018, 10:57:47 am »
Сега се јавив ми рекоа дека немаат.Чекам да ми се јават од видео дата за дали имаат адаптер на лагер,или ќе нарачуваат.

Е баш си среќен Аudi.  Еве што ти најдов денес.
Кога мене ми требаше све превртев немаше, па морав нов да земам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3047130

Само што му се јавив,полначот го продава за 3500ден. а и само што ја платив профактурата од видео дата  за нов полнач а цената на новиот е 4500ден.
За 1000 денари разлика ке играм на картата нов со гаранција,да го продаваше за околу 2000-2300 за 2.5 години стар да го земев.
Новиот е и заменски ACDP-120E03 и е 120W kолку што гледам на профактурата и вајда е подобар од стариот модел.

Фала во секој случај за огласот,и фала за споделувањето на твоето искуство со заменскиве неоригинал адаптери.Да не го споделеше на форумов и јас ќе се зае-ев и ќе го јадев.Ако патот те води некогаш во Кавадарци пиши частам мешана и бокле ракија.
« Последно менување: 18 Октомври 2018, 11:25:17 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2272 на: 18 Октомври 2018, 12:13:45 pm »
Сега се јавив ми рекоа дека немаат.Чекам да ми се јават од видео дата за дали имаат адаптер на лагер,или ќе нарачуваат.

Е баш си среќен Аudi.  Еве што ти најдов денес.
Кога мене ми требаше све превртев немаше, па морав нов да земам.

http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=3047130

Само што му се јавив,полначот го продава за 3500ден. а и само што ја платив профактурата од видео дата  за нов полнач а цената на новиот е 4500ден.
За 1000 денари разлика ке играм на картата нов со гаранција,да го продаваше за околу 2000-2300 за 2.5 години стар да го земев.
Новиот е и заменски ACDP-120E03 и е 120W kолку што гледам на профактурата и вајда е подобар од стариот модел.

Во овој случај ако ти даде гаранција дечкото дека полначот е исправен јас тој би го земал, бидејќи ако му се скршил дисплејот голема е веројатноста полначот да е оригинал.
На Видео-Дата голема е веројатноста да добиеш заменски . Ептен ако ти рекле по нарачка, земи и сторнирај си ја фактурата.
Друго е да беше Галерија и се исплати 4500 денари да се даде бидејќи нема такви финти. Тие или ти даваат оригинал или не набавуваат воопшто. Барем ќе знаеш дека ќе добиеш тоа што си го
платил оригинал.

Видео Дата пред 5-6 години комшијата им порача плоча и далечинско за климата Самсунг која претходно беше испуштила душа после 7 години. Му рекоа убава цена и комшијава си вика инвертер 5.5ка ми се исплати ќе го правам.
Ја однесе плочата да ја видат и му рекоа да може да ја нарачаме и чини 7000 денари и ако добро се сеќавам околу 2000 денари далечинското. 10 Пати ги праша дали ќе бидат исти оригинал и му одговорија да да
Ќе стигнело за непамтам сега колку дена му рекоа (еве пример 10 дена нека биде). На крај чекаше дупло. Па јавувања, па заебанции еден куп.
Ова ти кажувам бидејќи комшијава немаше кола па заедно одевме и да ти кажам искрено ми се смачи. Абе за свои пари да те еб*ваат
Ги зема деловите и го отвараме пред нив далечинското и ми вели нешто чудно ми е ова.  Некако лесно ми е. Леле абе и ова знакчево на Самсунг некако чудно ми е. И таа вели, па добро дечки неможе баш оригинал да биде. Тешко се наоѓа. Овој е заменски оригинал. :D :D :D  Комшијава што да прави, си вика ај моето е расипано ќе го земам иако двои од оригиналот а и онака веќе му го нарачале.

Подоцна кога мајстор му ја склопуваше вели плочата не е оригинал, со лоши кондезатори и е заменска ама ќе ти ја ставам па колку тера тера. После 1година и половина во сред лето кога беше најпеколно пак му се расипа.
Далечинското инаку кога го куцаме кодот од позади испаѓа дека е од Алибаба и таму се продава за 8$.  Овие со цел памет си дозволиле да си го нарачаат и му го здрвиле 2000 денари
Да се буниш неможеш бидејќи на фактурата си пишува заменски.

Климата се врати на старо. Повторно требаше да се купи плоча и пак се знаеше колку ќе работи со таква. Сега беше уште постара и многу тешко да се најде дел за неа бидејќи веќе и официјалните сервиси после некое време се откажуваат од резервни делови
И сето ова го пишувам за да пофалам еден сервис кој искрено не верувам дека некогаш ќе биде некој толку склон да помогне кога си баш без надеж и веќе што се вели размислуваш и да ја фрлиш климата.

Се јавивме заедно во К&K кои незнам сега дали уште и постојат бидејќи порано беа дел од Техномаркет. Откако Техномаркет се продаде мислам дека сега веќе немаат сервис иако гледам дека на нова локација во Кисела Вода постои таков сервис. Ама дали е истиот сервис и некој само го презел името незнам.

Да се вратам на старо. Му рекоа да ја слика плочата и комшијава сликаше, му вратија оваа е фалц, дали ја чува старата оригинал да ја слика неа.  Среќа ја чуваше комшијава и ја сликаше.
Набавија плоча и тоа без капар без ништо. ШТо би се рекло на доверба. Рокот кој што го кажаа беше испочитуван. Му се јавија на комшијава и кога отиде гланц ново оригинал во кутија набавено после  7-8 години старост. Врска си нема со таа од Видео Дата.
Баш ќе го прашам за цената, ама знам дека беше пристојна и тука некаде со таа на Видео дата ако не и поевтина. Комшијава им се заблагодари на дечкиве. Од К&К му велат нема проблем, ова чисто да ти завршиме работа бидејќи знаеме какви се Видео-Дата и како ги мамат луѓето.
 
Еве ја денес климата уште работи супер,  Далечинскот се расипа во меѓувреме и тоа, па комшијата си набави ново од Грција.

Значи ете тоа е ај да речам моето искуство со Видео Дата. Наместо да поминеш евтино и да ти го дадат она за што си платил, на крај испаѓа дека е во загуба човек.
Си избрзал малку ама тоа е. Си требало да пробаш во Галерија да ги замолиш да ти набават(мада ништо чудно и да те одбијат бидејќи кај нив нема заменски туку само оригинали), и ако неможат да ти завшрат работа да си земеш од Грција. Имав мејл ќе ти дадев. Одма одговараат а и + поврат на данок имаш.
Навистина е идиотска работа да платиш и да ти дадат лева роба. Кај Грциве нема тоа, неколку работи нарачував Сони звучници сателити, Блуреј плеер, слушалки и таква професионалност немам сретнато кај нас.
Им велам од Скопје сум и одма ми даваат совет. Еве вака гласеше последниот мејл од нив

Господине можеме да ви го испратиме во нашиот салон во Солун и таму ќе ви биде утре од 14 часот и можете да поминете кога сакате во текот на неделата. Еве ви адреса од гоогле маps како да не најдете. Ја копирам во телефон и одам. Си го купувам. Самата продавачка ме прашува дали сакате поврат на данок. Ако би сакале ќе ни треба вашиот пасош. Значи пази самата девојак ме прашува дали би сакал поврат на данок.
Ете каква професионалост

Видео- Дата се тезгачии и преваранти и уште во 21 век се служат со лаги и превари. Никакво почитување кон муштерии, освен се разбира кога треба да ги земат парите.

После видов. Штом си од Кавадарци чувај една така постара за гости. Се случува да поминам :)

« Последно менување: 18 Октомври 2018, 12:26:17 pm malinamamun »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10330
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2273 на: 18 Октомври 2018, 12:47:53 pm »
Не дај боже да ти се расипе додека уредот е под гаранција, гзот под кирија кај таканаречени овластени сервисери (видео дата, самсунг кисела вода)
Секоја чест на исклучоци (филипс, сега во аеродром).
Од мое искуство...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2274 на: 18 Октомври 2018, 12:53:53 pm »
Разговарав со видео дата,со продажниот центар,адаптерот е оригинал Сони но нов модел на Сони адаптер,стариот модел не се произведувал веќе.Баш им го кажав моделот од мојот расипан адаптер (ACDP-100D01)ми рекоа дека за тој адаптер Сони има нов заменски понов модел (ACDP-120E03),кој е впишан како резервен адаптер за мојот SONY KDL-43W805C телевизор.
Вчера се слушнав со дечките од Галерија,немаат адаптер ми рекоа да се јавам во видео дата,се јавив во сите впишани сервиси за Сони во Македонија,сите рекоа да контактирам со видео дата.

Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2275 на: 18 Октомври 2018, 14:28:08 pm »

Сега кога пиша заменски и резервен ти рекле, 100% сум сигурен дека и тебе ќе ти ја направат старата финта со алибаба работи. Еве го не е таков дечко, ама сличен е бидејќи истите не се произведуваат повеќе.  Не ми е јасно како бе со иста финта се служат со години. Изгледа не сметаат нас за глупи луѓе тука и ни буткаат се и сешто со 200% ќар.

Овој е  исти како тој Хантол  што си го купил бидејќи 4500 даваш за фалс полнач и 2500 на некој му даваш ќар. А не заборавај дека Сони бара само оригнал и дека горат после максимум 1 месец ако не е оригинал. Кинезите од Алибаба прават копија и ќе ти дадат иста слика и се исто ќе пишува како твојот дома. И ознаки и се, ама го нема чипот за регулација. И чини не повеќе од 30 евра. Ти тој истиот na Видео Дата им го плаќаш 75 

Таа ознака аcdP-120E03 не ти е воопшто важна. Тоа е само модел на полнач од Сони, кои и кинезите си го ставаат на своите полначи бидејќи прават исти копии на изглед.

Се што ти треба е оригинал Сони Полнач со тие волти и ампери 5.2А или појак и 19.5V. Сите оригинали внатре си имаат чип кој си ја регулира струјата.

Ова од мајсторот што го среди мојот телевизор.

За Галерија Ти рекле дека немаат бидејќи неможат да набават оригинал. Не им се исплати и губи време за еден полнач. Мал пазар сме и затоа не носат. А и знаат дека неможеме да платиме толку многу.
Ти велам јас го платив 5800 и тоа на акциска цена бидејќи се знам со газдата. Би го замолил да ти земе, ама верувај искрено незгодно ми е да го молам по вторпат, кога веќе го имаш во Грција.
а и половен исто тука.

Грците тогаш 110 евра бараа ако добро се сеќавам.  На таа цена поврат на данок и ќе ти дојде околу 90 евра.

Познавајќи ги видеодата јасно ми е дека убаво те заклале. А 4500 се колење бидејќи и не се малку затоа што за уште нецели 1000 денари ќе си добиеш оригинал и мирна глава.
Не е работата телевизорот да ти работи 1 месец или 2 месеци.

ВидеоДата не е главен увозник од Сони туку оди преку канали. На официјалната страна на Сони никаде ги нема. Додека пак Грција ги има сите 3 сервиси кои се овластени директно од Сони. Каде сме ние ако се луѓево се директни увозници. Видео Дата за да ти продаде оригинал треба да го земе од Грците. И кога ќе го земе нема да биде 4500 туку 8000 нормално за да имаат ќар. Вака им е најлесно. Увези од Кина копии и зезни ги луѓето.

И никој нема да ти гарантира ако ти се расипе телевизорот. Они се свесни дека не ти продаваат оригинал. Јас би барал да ми потпишат дека со тој заменскиот нема да имаш проблем барем 1 месец со телевизорот и дека во случај на проблем со телевизорот бесплатно ќе ти го острани дефектот.
Да не испадне на крај да им го носиш и за плоча да ти менуваат, па и таа да си ја купуваш после. Убаво ќе им го наполниш џебот.
Не ризикувај и земи го или тој стариот на оглас или од Грција( ако ти треба пиши ќе ти дадам мејл).

Со тој половниот највеќе што ризикуваш е да се расипе полначот бидејќи си има чип телевизорот нема се расипе, а со овој од Видео Дата ризикуваш плочата на телевизорот како јас што го средив мојот.
Полнач ќе најдеш ама плоча кога ќе се расипе фрли го телевизорот после.
Нема да те убедувам. Ти си знаеш и ти си носиш одлуки. Криво ми е само што ВидеоДата ги користи и сече луѓето продавајќи им таканаречени заменски оригинали.

Не е ова ништо комплицирано како што изгледа, но малиот пазар и немањето оригинал делови е проблем кај нас. Да си во Грција или во кое било место во Западна Европа си одиш си купуваш, знаеш дека не те лажат, си  го штекаш во струја и готово.
« Последно менување: 18 Октомври 2018, 14:37:23 pm malinamamun »

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2276 на: 18 Октомври 2018, 17:28:29 pm »
Тоа е најлошо сценарио,да се надеваме дека нема да се толку расипани.На крај краишта си имам емајл од комуникацијата,нарачката,профактура,кога ќе стигне ќе има гаранција со сериски број,многу лесно може да се виде дали производот/адаптерот е лиценциран сони или не е.А дека ќе е од Кина тоа ми е јасно,и стариот е кинески.
Кога ќе стигне ќе видиме што ќе бидне......
« Последно менување: 18 Октомври 2018, 17:34:26 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 631
  • Сузуки Витариче
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви требk
« Одговори #2277 на: 18 Октомври 2018, 17:36:46 pm »
Јас имам KDL-50W805C купен 08.2016. Сега проверив и фабричкиот адаптер е ACDP-120E03. Според напишаното верувам дека од Видео Дата ќе бидат професионални и ќе ти испорачаат идентичен на овој. Неретко после воочување на проблем кај некој дел, производителите креираат заменски подобрен. Колку што гледам стариот бил 100W, а новиов 120W. Во најмала рака само тоа е значајно подобрување.

Sent using Tapatalk

Потпис.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2278 на: 18 Октомври 2018, 17:53:56 pm »
Тоа е најлошо сценарио,да се надеваме дека нема да се толку расипани.На крај краишта си имам емајл од комуникацијата,нарачката,профактура,кога ќе стигне ќе има гаранција со сериски број,многу лесно може да се виде дали производот/адаптерот е лиценциран сони или не е.А дека ќе е од Кина тоа ми е јасно,и стариот е кинески.
Кога ќе стигне ќе видиме што ќе бидне......
Батко абе смешен си ми. Кинески правен во фабрика на Сони со чип, и кинески правен од некој си Чен су Пен не е исто. Ти си имаш меил. Тие ти продале адаптер кој работи и ќе си работи. Проблемот е што ако откаже телевизорот ќе неможеш како да докажеш дека е од адаптерот. Ме разбираш.

Проблемот не е дали и колку ќе работи адаптерот, туку колку ќе работи на телевизорот. За лиценци никако не можеш да провериш бидејќи кинезот си ставил тотално иста налепница со некој оригинал сериски. Ајде нека ти е со среќа па колку работи толку. Држам среќа да е тоа што повеќе.
« Последно менување: 18 Октомври 2018, 18:12:59 pm malinamamun »

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2279 на: 18 Октомври 2018, 18:09:24 pm »
Јас имам KDL-50W805C купен 08.2016. Сега проверив и фабричкиот адаптер е ACDP-120E03. Според напишаното верувам дека од Видео Дата ќе бидат професионални и ќе ти испорачаат идентичен на овој. Неретко после воочување на проблем кај некој дел, производителите креираат заменски подобрен. Колку што гледам стариот бил 100W, а новиов 120W. Во најмала рака само тоа е значајно подобрување. (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

  Aко гледаме според твојата логика него му дале како твојот, а му викаат нов модел е. А тој веќе 2 години стар. Немаат врска бројќите и нема заменски подобри модели.
Важно е внатре што има. Сите 4 модели на полначи биле активни цело време, освен најаќиот 180W кој е заменет поради потрошувачка.
ПОлначите никогаш немале маани.

На AUDI му дале копија. Тоа од муабетот знам. Ама ајде здравје нека тера.
 
Твојот е 120W бидејќи е 6.2А така нели? Не е нов модел тој само појака ампеража кој се прави уште од самиот почеток.

Нема мани ниту еден полнач, па Сони сега да направеле нов.  Тотално си грешка. Има модели од 5.2А до 9.5А односно 180W.

Може да работат со години, а може и брзо да откажат. Целта е ако има лоша струја да отиде адаптерот а не телевизорот. Таа била замислата на Сони.
Затоа и ни одат полначите бидејќи имало некогаш лоша струја и тие откажале. Има луѓе со години ги користат веќе 9-10 година од самите почетоци и никогаш неизбрашни со еден топ земја(прашина) по нив.