Абе малце ме плашат моментите со апдејт на Андроид...
Не знам колку би било реален проблем со кочење, непрепознавање уреди, проблеми со конекции итн итн... Не знам дали треба реално да го гледам Андроид ТВ како предност или како недостаток.
Незнам кој ви ги збори тие глупости за андроидот. Абе 3 филипси имаат мои блиски и едно сони. Сите се со андроид.
Се знае ако сакаш најдобар бренд земаш Сони и тоа со Андроид
Истите карактеристики и андроид пак за помалку пари ги имаш кај Филипсот.
И во двата случаи нема да промашиш. Мои блиски луѓе и роднини по совет мој купија 3 филипси и еден сони. Дома и јас имам еден Сони и еден Филипс
Сите се овие со Андроид нормално, бидејќи во ова време да земам телевизор кој нема андроид треба да сум пореметен.
Надвор од овие би го погледнал само Самсунг Curved но само ако е за дизајн
Тие се трите избори кој разумен човек би ги направил
Сони како најдобро
Филипс како највеќе за парите
Самсунг за заоблениот дизајн
Кога ќе прочитам на Кајгана како квази техничари пишуваат за андроид дека кочи, па се гаси се прашувам дали луѓево им е криво што немаат андроид тв или пак толку се прости и си ги укочуваат телевизорите
Од 6 телевизори со андроид што ги имаат луѓе околу мене и моиве 2 дома сите работат перфектно и постојано се со нови апдејти.
Какви кочења и глупости.
Единствена Мана на сонито в805 е само што е прилично постар модел и за тие пари би одел на филипс или пак би додал повеќе пари за подобар и понов модел ако веќе би бирал сони