Не најдов никаде правило со општините. Се` што не смее да прави постар малолетник е:
Член 368
-
в
(1) Постар малолетник кој поседува возачка дозвола од “Б“ категорија не смее:
-
да управува со возило во патниот сообраќај во времето од 20,00 до 5,00 часот, освен
ако во возилото го придружува родител, односно старател кој поседува возачка дозвола од
“Б“ категорија и на кого не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување
со моторно возило,
- да управува со возило со брзина поголема од 60 километри/час на јавен пат, односно
со брзина поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на
моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат,
- да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75 киловати,
- да влече приклучно возило и
- да врши организиран превоз на деца.
(2) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на возач
- постар малолетник кој постапува спротивно на одредбата од ставот (
1) на овој член.
Покрај износот на глобата на возачот- постар малолетник ќе му се изрече и прекршочна
санкција забрана за управување со моторно возило во период од три месеци до една
година.