Автор Тема: Возачка дозвола на 16 години  (Прочитано 28737 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #120 на: 24 Декември 2012, 23:01:13 pm »
Skoro sekoj den gledam driftaat i toa luge +30,

Седи бееееееееееееееееееее ...
Од кога тоа станавме дрифтерска нација, и каде го гледаш дрифтот, да дојдеме и ние да гледаме. ;D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1936
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #121 на: 24 Декември 2012, 23:19:04 pm »
+1111 Башка во Кичево има можеби 100 малолетници (на моја возраст) кои си возат кола по цели денови без гајле...

За ова се слагам, посебно летно време, со овие од Швајцарија :D Катастрофа... од 15 до 55 години, се лудо! Прави donut на сред раскрсница (кај Пуцко Петрол), полиција на 5 метра од него, ништо не превзема.

Тие што краделе кола на таа возраст, истото ќе го прават само што нивните родители тоа ќе го знаат, а глупостите ќе останат исти, тој е паметот на тие години...

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #122 на: 24 Декември 2012, 23:23:12 pm »
Па тие најповеќе ме нервираат што си кружат по цели денови по булевар, и тоа со музика на максимум, се влечат и ја кочат цела колона...
Друго, незнам што им е на полицијава...Треба многу по строги да бидат за да се доведи се во ред... Не сега, со 1 повик можеш да се спасиш од казна од 600 евра...   

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #124 на: 04 Јануари 2013, 14:10:44 pm »
До кај стигна глупиов свет. Порано бе искачавме надвор (ЕЈ НАДВОР) да играме фудбал и уште милијарда глупости, бев среќен ако искочам на кафе покасно ( до 12 рецимо) и слично. А сеа? Едни рикале ко магарици, други летаат магирања на PC, трети ќе возеле кола...абе ај...

Ах кај ме врати бе да ти ибам тоа..:D :D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #125 на: 04 Јануари 2013, 14:29:05 pm »
А тек да ги прашаш децава дали играат народна, граница, илери, џамија, џамлии (џамлии бе, имав специјална кожичка за рака да не се гребам :) )...

Отсутен SirPsyhoSexy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #126 на: 05 Јануари 2013, 11:36:08 am »
Летово наполнив 18 години и положив за кола. На 16 години се молев да го донесат законот за полагање али сеа сватив дека ако положев на 16 какви глупости ќе праев.... Има голема разлика многу си по зрел и по свесен за последиците. Не дека дете од 16 години не може да вози, може али не е свесен дека со еден погрешен потег може да одземе нечиј живот.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #127 на: 05 Јануари 2013, 15:15:05 pm »
Домашното воспитание игра најголема улога. Од дома треба ти го всадат во мозокот дека кола се вози за да стигнеш од точка А до точка Б и дека треба да ги почитуваш сообракајните правила не заради тоа што ке те казни полиција, туку заради можните последици од несовесното возење, а кои можат да бидат далеку полоши од една казна од 300 евра.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #128 на: 05 Јануари 2013, 15:28:54 pm »
Домашното воспитание игра најголема улога. Од дома треба ти го всадат во мозокот дека кола се вози за да стигнеш од точка А до точка Б и дека треба да ги почитуваш сообракајните правила не заради тоа што ке те казни полиција, туку заради можните последици од несовесното возење, а кои можат да бидат далеку полоши од една казна од 300 евра.
Како на пример одземање на возачка дозвола, на 3 или 6 месеци.   ::) ::)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #129 на: 05 Јануари 2013, 16:08:44 pm »
Значи тоа се казни од полиција, ја зборам за жртви во сообракајот, недај боже можеш самиот да настрадаш, а можеш и на совест да носиш некого цел живот, немора да загине тој, доста е да го хендикепираш и да му го уништиш животот засекогаш ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #130 на: 05 Јануари 2013, 16:42:22 pm »
И згора на тоа, да немаш возачка 6 месеци... Од 13ти спрат... Низ блаконот...


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #131 на: 05 Јануари 2013, 16:49:56 pm »
Е добро де, ке ти купат волан Г27, ке ти инсталираме симулација некоја и ке си возиш од дома  ;D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #132 на: 05 Јануари 2013, 16:50:58 pm »
Сега, и јас сватив дека не треба возачки на 16 години...
Или да има, ама казните да се 5 пати поголеми од колку на искусните возачи...
Пример, не си носел појас, лупни му казна 1200 евра, ќе видиш дали нема да носи, и кога стои ќе има ставен каиш..
Или пак возел 50км/ч над ограниченото, лупни му пак 1500 евра казна, ќе видите после што ќе биди, ќе вози 50км/ч под ограниченото....

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #133 на: 05 Јануари 2013, 17:38:18 pm »
А тек да ги прашаш децава дали играат народна, граница, илери, џамија, џамлии (џамлии бе, имав специјална кожичка за рака да не се гребам :) )...
жмурка, шут у дупе, жмурка на топка, сервис, баскет, фудбал, крадење кајсии и разни овошја од туѓи дворови :D

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1283
Одг: Возачка дозвола на 16 години
« Одговори #134 на: 05 Јануари 2013, 17:47:43 pm »
Бузуки ти мислиш дека кога ќе седнеш да возиш ќе бидеш безгрешен, баш секогаш ќе ставаш каиш и ќе возиѓ 50, никогаш нема да претицаш на полна линија, некогаш намерно ќе направиш грешка некогаш не и кога ќе те фатат без каиш или возиш 30 над дозволеното без да приметиш занесен во нешто ќе те сопре џандар ќе ти пише 1 500 евра како што кажуваш ти и тогаш незнам дали нема да пцуеш по џандарот или можеби ќе речеш во право е џандарот јас будала сум не возам со каиш а и брзав малце ако мие следниот пат дупло да ми пише и дома нема да имаш за леб.


Јас мислам казните треба да бидат според платата а не за секого исто ама тоа е.