ова маалскиве муабети многу ги сакам......
турбината се расипува како и на сите други, само што кај нас влегоа како што сите знаеме многу кршови со милион км, плус од стоќец во бмв, па некој маалски мајстор ќе го сервисира и после отишла турбината.
значи не е проблемот во турбината дека има мана или пак незнам што, се е во сервисирањето, има коли кои што поминале по 300.000 па сеуште не им мењана или сервисирана турбината, јас лично на мојата 530д ја сервисирав комплет само поради еден семеринг кој пропушташе уље према интеркулерот, иначе кога ја извадија на осовината на перката немаше ниту малку отстапување, ама кога се прави се прави се комплет.
иначе за долготрајност прво мора на некои си макс 50.000км да се мења сепараторот за уљани испарувања, да се става квалитетно уље и филтер (никогаш не сум штедел на ова), друго најмногу дефекти и искривувања во турбината се дешаваат при добро газење во лето кога температурите се екстремно високи, има потреба после газење да се остави колата неколку минути да поработи во место за да има време уљето да ја излади турбината и после тоа да се гаси моторот. ова не важи за релаксирана вожња до некои си 120-130км/ч. ако се внимава на овие работи тогаш турбината може многу долго да трае.
проблемот е што кај половните аута без сервисна книшка или со фалц книшка, кај што немаш евиденција што е и кога е сменето, турбината може во секој момент да отиде или е веќе отидена, па неискусните кога ќе седнат од стоќец во бмв и се провозат им се чини дека лета колата, арно ама дефектот постои и ќе ги кошта после.
Викаш семеринг има на турбината, јас подразбирам под семеринг гумен семеринг.
Кога ќе почне да го полни со масло интеркулерот кажи и збогум на турбината, лично сум отворил неколку турбини и знам како функционира турбината а тоа дека на 320ките не е многу долговечна и врапчињата на дрвата го знаат исто така и бош пумпата на моделот од 98ма година со 136кс поточно VP44 е моделот секој мотор со оваа бош пумпа маки мачи а тоа за возењето на турбо мотор си сосема во право мада кај некои мотори силата се должи на поголем буст на турбината и затоа кај нив истата има пократок век како што кажа Дени.
Еве еден пресек на турбина па кажи кај е семерингот јас тука гледам метални карики кои го задржуваат маслото додека не отвори луфта на пксните така да нема маж кој што ќе ти репарира турбина само со замена на кариките или пак турбина која ги потрошила само кариките а не и пиксните.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
е вака, прво ја не сум мајстор за детално да ги опишам работите, а тоа за семерингот, ја колку што знам се подразбира и метален прстен не само гумен, барем така мајстори подразбираат. веројатно се мисли на тие метални карики/пиксни.
и не реков дека само тие се мењале, туку комплетна репарација се правеше. друга работа, пред мене ја тестираа и ми демонстрираа дека нема луфта на осовината, односно има ама е толку занемарлива да можела комотно да тера уште многу км, мегутоа пошто веќе се правеше не сакав да ризикувам, не дека не прават делумна репарација без замена на осовина, него ја така сакав да биде комплет.
и за крај, ја колку што знам нема маж за турбини во мкд, барем нема таков што ќе даде писмена гаранција и што е овластен да сервисира од холсет, гарет и сл. барем до пред 1-2год., може сега се појавил некој.
туку да не му ја тупиме темава на човеков.....