Дали во тие 5% е вклучен и транспортот до Македонија, дали се од нето или од бруто вредноста?
5% ги пресметуваат на вкупната цена колку ќе те кошта возилото односно, нето цената (ако враќаш данок) + превоз (ти си го плаќаш) + царина+данок + шпедитерски услуги. На целата оваа сума, они маваат 5% и тоа е нивната провизија. На поефтини возила, има некоја математика, ама на поскапи, реално нив трошоците им се исти ама нивната сума доста расне. Како и да е, убаво е да има ваква услуга, некој да нуди и е за поздравување. Знам неколкумина кои земале коли преку и се доста задоволни од целиот процес, доста брзо е безгрижно.