Автор Тема: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011  (Прочитано 186 пати)

Отсутен Јандро

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« на: денес во 10:24:00 »
Здраво на сите,

Да се пофалам со Мојата/Нашата прва кола. Преубава Мерива Б, 2011та година 150к/км проверени на карвертикал. Досега имаме околу 1500км поминати. мал сервис направен одма после купување (фала богу ;D ). Сменет дихтунг на капак за вентили поради мало течење на масло па за следно ќе следиме.

https://imgur.com/a/guNtUx4

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2987
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #1 на: денес во 11:12:00 »
Добредојде на форумот. Со здравје да се служите со колата и да ве носи на убави места.
Своерачен потпис ;)

Отсутен Јандро

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #2 на: денес во 11:57:37 »
Тенкју тенкју, досега се што имам читано е без профил па реков нема подобра причина од ова за да се пријавам :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8448
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #3 на: денес во 14:03:24 »
Со здравје да си ја возиш. Би требало убаво да тегне со ова моторче. Каква е потрошувачката?

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Јандро

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #4 на: денес во 14:42:33 »
Од 1500км извозени, околу 1300км се по автопат каде што троши околу 6 литри. Низ град нормално повеќе, на табла покажува околу 7,5 просек. Со полн резервоар дава над 700км домет. Ја имам околу два месеци, два ипол резервоари има потрошено, иако мислам дека има поголем резервоар од просек.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8448
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #5 на: денес во 14:59:26 »
Одлична потрошувачка за такво возило.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2987
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #6 на: денес во 15:12:44 »
Јас сум изненаден како влече моторот, имав прилика да се возам во Зафира 2011-2012 со 7 седишта, додека сопственикот на колата не ми кажа дека е 1,4 турбо, мислев дека е 2,2 цдти  :)
Своерачен потпис ;)

Отсутен Јандро

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #7 на: денес во 15:17:15 »
Искрено мене ми е прво возило и немам баш со што да ја споредам, досега кога и да сум ја стиснал повеќе(кога не е жена ми со мене) ме насмеала од уво до уво.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8448
  • Плинаш!!!
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #8 на: денес во 16:00:22 »
Башка овој мотор лесно се навива до 160-70 коња.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Присутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 939
Одг: Opel Meriva B 1.4T, 140HP, 2011
« Одговори #9 на: денес во 16:45:47 »
Честититки, со здравје да се вози.

Јас налетав на иста ваква со ист мотор кога барав Мерива, и многу пријатно се изненадив од моторот, совршено одговата на колата.