Знам дека доста луѓе на форумов имаат 3D принтер по дома или пристап до 3D принтер индиректно. Дали и што принтате за вашите миленици?
Еве до сега јас што све си имам испринтано:
Штипки за сунцобран за Таг за патарина. За секоја кола да се има. Практична работа, нема лепешка на шофершајбна. Отвори го сувозачкиот сунцобран пред патарина или цел пат, не пречи.


Ноторниот недостаток на капхолдери и ботлхолдери во старите алфи (и 159 и 166).
За 159 капхолдер кај наслонот за рака:

Ботлхолдер врзан на долниот држач на седиштето (се движи заедно со седиштето). Оваков имам и на возачко и на сувозачко седиште на 159, собира и литроипол роса:

Ботлхолдери за 166 - овие се само на сувозачкото место, попшто кај возачот пречат:

Кога ја менував бензинската пумпа на 166, вистински проблем е добро да се затегне фланшата, најчесто луѓе со штрафцигер или сл. и со чукање по ивиците го праат тоа доколку немаат алат. И јас имав проблем,кога ќе наполнев до врв гориво, пушташе по малку, и дур не се испразни малку резервоарот (среќа брзо иде тоа на 166-ката), мирисаше на бензин.
Случаајно, браусајќи нешто за Масерати, најдов и соодветен 3D фајл за алат за фланша. Викам, ако пасуе на Масерати, мора да пасуе и на Алфа:



Сега за сега, толку. Скромно, ама корисно
