Да го претставам „новото“ возило во семејството.
Се работи за BMW Series 3, F30 320D со 184 коњови, спарен со ZF8 рачен менувач, усвари не,
@Sase_91 поздрав

Возилото е увезено од Германија, од прв сопственик, има поминато моментално 264.000км и до 261.000км е секој километар одржувана во овластен сервис на BMW.
Колата си дојде со 2 сета бандажи и гуми, летни 18ки, зимски 16ки.
Летните гуми се Fulda SportControl и се ганц нови, не знам ни дали се воопшто возени, а зимските се истo Fulda ама од 2019, ќе истераат зимово.
Скоро и да немав никакви давачки за истото, освен фарбање преден браник и замена на фланша за антифриз под усисна грана која беше пукната, а истата е маана на овие модели.
2020 на повик од BMW е заменет ЕГР, а на 2023 исто така на повик од BMW е заменета воланска летва.
На последниот сервис во овластен заменти се криви рамена, сите чаури напред/назад, стабилизатори, масло во диференцијал и сите 4 дискови со плочки.
На 220.000км заменет е и ланецот во овластен.
Од побитна опрема за мене ќе издвојам:
- „Dakota“ кожа / црна / со темен „oyster“ акцент
- Греење на предните седишта (возач и сопатник)
- Автоматски двозонски клима уред
- Кровна облога (небо) во антрацит црна боја
- Внатрешен и надворешни ретровизори со автоматско затемнување против заслепување
- Сензор за дожд (автоматски бришачи)
- Адаптивни фарови (кои следат кривини)
- Пакет со амбиентално осветлување
- Асистент за долго светло (автоматско гаснење на долги светла)
- Паркинг сензори (PDC - Park Distance Control)
- Темпомат (криз контрол) со функција за кочење
- Предупредување за промена на лента (сензори за слеп агол)
- „Head-up“ дисплеј (проекција на шофершајбната)
- Препознавање на сообраќајни знаци
- Навигациски систем „Professional“ (големиот екран)
- „Harman/Kardon“ премиум сараунд озвучување
- Музички интерфејс за паметен телефон
- Блутут (Bluetooth) поврзување + USB излез
- Пакет за удобност во возењето (Ride comfort package)
- Пакет за видливост (Sicht Packet)
Во прилог и некоја слика








Кога веќе морав да ја вадам усисната грана за да ја сменам фланшата, мораше и да се исчисти, во прилог слики како изгледа усис со 264.000км.
Пред:

Потоа:
