Ја дотера внатре по пропис, мобилара? 
Со здравје да си ја возиш Мартин, многу безгрижни километри.
Ќе ја ѕирниме во живо на некој собир.
Со секое чистење се повеќе тежнее кон "мобилара"

Фала ти Ипкис, амин нека има собири само

Едит: Сега ги гледам точките на ретровирзор. Дали на допир таму каде што нема лак се осеќа структурата на платното? Ако е така да пробаш со епоксид само тој дел да го направиш со тачуп четкичка.
Да, се осеќа структурата. Треба да го истругам кругот зошто е тргнат да се шири додека не дојдам до здрава врска меѓу лакот и карбонот, па тогаш да правам тач ап.
Но тука иде крај на моето познавање на епоксид, бидејќи единствено нешто на кое ми текнува е проѕирниот двокомпонентен лепак од Bison или Poxipol. Ако има некаде да се купи хоби количина од тоа чудо, би пробал.
Со здравје да се вози, многу километри без проблеми да поминеш со оваа брза ајваромешалка. Што помалце посети на сервис и што повеќе убави спомени со неа!
Благодарам Саше, иако сите знаеме дека ќе има многу проблеми и многу посети на сервис

Честито, многу машки потег што си ја продал колата што не ти прави ќеиф и си си купил кола со која што би уживал.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Можда звучи малце црно ама не живееме безгрижни и здрави животи за да гарантирам дека ќе дочекам пензија и длабока старост, па тогаш да купувам интересни коли и да шетам на интересни места.

Со убаво нека е, безгрижно да ве служи!!!
Ако ти праи кеиф, и со фамилија ќе боде доволна. Ако слушаш жена, полагај за Ц категорија, и пак жалку ќе ти биде простор.
Ние 4ца, со 147/Јарис одиме, чисто за споредба. За 10 дена у годината, караван не се зима.
На девојка ми и увалив Шкода Скала, мислам дека имам неколку години пред да почне да се буни дека не е доволно голема колата
