Автор Тема: Нови горива во Макпетрол  (Прочитано 47949 пати)

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Нови горива во Макпетрол
« на: 26 Декември 2011, 17:28:25 pm »

Нови Горива во Макпетрол
Новите Макпетрол УЛТРА горива се специјално дизајнирани горива преку најсовремена технологија на адитиви и други технолошки постапки. Со нивната употреба се постигнува поголема економичност, моќност и забрзување, подобрено подмачкување на моторот и намалени емисии на штетни гасови и материи.
 
На бензинските пумпи во Макпетрол започна продажбата на најновите УЛТРА горива кои ги задоволуваат највисоките Европски стандарди.
Новите Макпетрол УЛТРА горива се специјално дизајнирани горива преку најсовремена технологија на адитиви и други технолошки постапки. Со нивната употреба се постигнува поголема економичност, моќност и забрзување, подобрено подмачкување на моторот и намалени емисии на штетни гасови и материи. Новите горива ќе се продаваат за иста цена како и досегашните, но нудат могу повеќе од досегашните бензини и дизел горива присутни на нашиот пазар. УЛТРА горивата се во согласност со европските стандарди, како и Правилникот за квалитет на течните горива на РМ. На македонскиот пазар ќе бидат понудени три нови типови на горива: УЛТРА Дизел Џет, УЛТРА 95+ и УЛТРА 100С.
УЛТРА Дизел Џет е економично и кристално чисто гориво што се добива со двојно филтрирање на еуродизел горивото, преку филтри наменети за авиогоривата. При овој процес се отстрануваат најмалите механички нечистотии и трагите од вода. Со соодветно адитивирање се овозможува намалена потрошувачка и зголемена ефикасност на моторот, се продолжува векот на траење на моторот, потоа намалена бучава и посмирено работење, заштита на животната средина и други позитивни ефекти.
УЛТРА 95+ е гориво наменето за сопствениците на поголемиот дел од старите и нови возила што бараат поекономично возење, без загуба на перформансите на возилото. Посебните адитиви обезбедуваат подобро согорување и искористување на горивото и доведуваат до намалена потрошувачка, подобро распрскување на горивото, а со тоа и зголемување на моќноста и ефикасноста на моторот. Со употребата на ова гориво се продолжува векот на траење на моторот и се зголемува заштитата на животната средина.
УЛТРА 100С е високооктанско гориво наменето за сопствениците на современи, високоперформансни и ефикасни автомобили и мотори што бараат зголемена моќност и максимални перформанси. Специјалните, мултифункционални адитиви го гарантираат предвидениот квалитет на УЛТРА 100С горивото, а предностите кое овој тип на гориво ги нуди се: подобрено распрскување на горивото и подобрано согорување со што се зголемува моќноста и ефикасноста на моторот. Горивото содржи антикорозивни и антифрикциони супстанци што вршат подмачкување на компонентите на моторот и овозможуваат нивно полесно движење. Тоа резултира со поголема моќност и потивка и помирна работа и намалена емисија на штетни гасови, а со тоа и поголема заштита на животната средина.
Вестите за новите горива се вистинско освежување за Макпетрол, а и за потрошувачите, бидејќи добиваат поквалитетни горива по непроменета цена. Останува да видиме дали новите горива ќе може да се најдат на сите бензински пумпи на Макпетрол во земјава и дали се горивата навистина со толку висок квалитет како што се вели во прес соопштението или е ова само маркетиншки трик. Ако треба да бидеме искрени, за сега Макпетрол не ни оставиле простор да се сомневаме во квалитетот на нивните горива.
 

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #1 на: 26 Декември 2011, 17:36:06 pm »
изгледа почнаа да точат повеќе од лукоил па ајде и ние да набавиме "квалитетно" гориво :P

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #2 на: 26 Декември 2011, 17:44:08 pm »
Баш сеа треба да ставам гориво ќе одам да видам дали има разлика од Лук Оил :) Иако претпоставувам дека нема :)

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #3 на: 26 Декември 2011, 17:50:35 pm »
Незнам дали тоа Ултра 100С е 100октанско, или е истата 98 само со друго име. Мое мислење е дека горивото ке биде исто ѓубре како и досега. Исто така не видов некаде да пишува од кога ке почнат со овие горива.

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #4 на: 26 Декември 2011, 17:52:59 pm »
Со оглед дека Лук Оил им ја намали продажбата на Мак Петрол би требало да сменат нешто во воривото па ќе видиме

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3039
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #5 на: 26 Декември 2011, 18:48:57 pm »
Незнам дали тоа Ултра 100С е 100октанско, или е истата 98 само со друго име. Мое мислење е дека горивото ке биде исто ѓубре како и досега. Исто така не видов некаде да пишува од кога ке почнат со овие горива.
"На бензинските пумпи во Макпетрол започна продажбата на најновите УЛТРА горива кои ги задоволуваат највисоките Европски стандарди."

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #6 на: 26 Декември 2011, 18:58:43 pm »
Јас ја отварам темата, а не сум приметил дека пишува дека е започната продажбата :D. Ме интересира уште тоа дали ке имаат 100октански бензин наместо 98мицата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #7 на: 26 Декември 2011, 19:25:49 pm »
Јас треба утре сабајле да ставам. А не пишува дали се заменуваат старите 95 и 98 или уште ќе се почат парелелно. Како што гледам нема уште два екстра пиштола на пумпата. Веројатно се заменуваат старите со новите. Нез капка бензин сум а некако не сакам да бидам првиот што ќе наточи гориво на форумов :)

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #8 на: 26 Декември 2011, 19:32:42 pm »
Јас сега бев на МакПетрол. Според мисисот на 98 некако чудно мириса за разлика од претходниот. Можеби има разлика во влечење поминав само 20км треба да провозам уште малку па да видам.

Ако не смее ова да го има овдека нека бришат главните






Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #9 на: 26 Декември 2011, 20:02:58 pm »
Дали некој можеби знае дали во 100-кава октаните (ако се октани) се од екстра етанол или се асален бензин? Ако се од екстра етанол во бензионт - го нејќам

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен IvO

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #10 на: 26 Декември 2011, 20:07:23 pm »
Дали некој можеби знае дали во 100-кава октаните (ако се октани) се од екстра етанол или се асален бензин? Ако се од екстра етанол во бензионт - го нејќам (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

која е разликата ?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #11 на: 26 Декември 2011, 20:15:51 pm »
Етанолот согоруваше со повисока темепратура или сум дезинформиран?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #12 на: 26 Декември 2011, 20:20:12 pm »
Ако е со повеќе етанол, ќе биде и потрошувачката поголема, а и треба точно да се знае, пошто на пример алфата не сака етанол, поради некои елементи во системот за гориво, кои може да се растворат/деформираат од етанол. Друга работа е што етанолот не е така експлозивно гориво како изооктанот, па и снагата е (нешто) помала на колата - освен ако не ти е еку-то наштелано за работа етанол или мешавина. Стоихиметрискиот однос на етанолот е 9.0:1 спрема 14.7:1 за бензинот, па ду јуар мат. да видиш колку поголеми треба да бидат бризгалките за ушприцаат соодветно количество етанол за исто време :) Ем потрошувачкаата до небо :) +25% отприлика. ова се податоци за чист етанол, но секое „разредување“ на бензинот со етанол е фактички влошување на квалитетот на бензинот. без разлика на октанската вредност (која на чист етанол е некаде околу 120-тина ми се чини)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Driver

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #13 на: 26 Декември 2011, 20:24:31 pm »
Кој би можел да ни каже дали горивото е со етанол или без? Тие што работат на пумпите сигурно поима немаат

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Нови горива во Макпетрол
« Одговори #14 на: 26 Декември 2011, 20:27:10 pm »
Кој би можел да ни каже дали горивото е со етанол или без? Тие што работат на пумпите сигурно поима немаат
Некој од „набавки“, пошто мора хемискиот состав да го имаат :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.