Пред 6-7 месеци барав ново возило, и на крај завршив со половно

Се работи за Г21 произведено 01/2022 со прва регистрација 03/2022ра.
Го носи мислам вториот најслаб мотор во оваа генерација од 122кс и 300Nm вртежен момент. Има некој благ хибрид, кој обично го гасам бидејки знае да биди досаден. Солидно вози но на повисоки брзини се осеќа дека си сака уште 50кс(баш вчера на инста ми излезе дека степпон нудат ремап БМВ произведени после 07/2020, па може ќе се испита таа опција)
Ја има основната опрема, плус големите екрани, 17ки бандажи и убава боја(врска неам како се вика).
Колава беше најефтината Г20/Г21 на пазарот кај нас и сеуште не сум видел поефтина. Така да ова е исто и I bought the chepast xyz car on the market тема

Засега овие 6 месеци имам поминато околу 5000Км и сум немал никаков проблем.
Превентивно заменето масло и филтер на менувачот кај
@google . Кај нас бараа некои луди цени од 600е. Набавен за 200е сет од ЗФ(картер и 7Л масло), плус работна рака по другарска основа(редовна цена е некаде 100-150е зависно од менувачот). Дополнително заменати плочки на двете оски. Исто кај нас бараа некои луди цени од 180 до 260е за плочки плус рака. Набавени(Бош) за 65е, комплет за двете оски. Така да од сега делови набавување само од АутоДок, на нашиве не им давам 300% маржа од мои пари.
Потрошувачката е исто смешна, мислам дека просек за овие 5к Км е околу 4,8Л/100Км(генерално возена вон град)



