Автор Тема: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp  (Прочитано 280 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4011
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« на: 29 Мај 2026, 17:27:38 pm »
Реално многу потребен upgradе. Цитроенчето почнува да станува се помало, и се почесто се наоѓав во ситуација да ја позајмувам Астрата од стариот. А поради промена на место на живеење, реално нема да иам потреба од втора кола, па затоа и Цики отиде во историја.

Епа вака. Време е за претставување.

Се работи за Toyota Avensis (T25), 1.8VVT-i, 129hp, со вграден плински уред.

Произведена 2003та година, купена во Toyota во Скопје. Моментално на 322.000км. Јас сум трет сопственик. Ја купив од зетот, кој како втор сопственик ја има возено и одржувано последниве 6-7 години. Последнава година многу малку се вози, бидејќи им беше второ возило, а реално се помалце имаа потреба од истото.

Не знам кое ниво на опрема се води и такви работи, ама од опрема има следново: Електрика на сите 4 стакла, електрика и ел. склопување на ретровизори, двозонска автоматска клима, сензор за дожд, завеса на задно стакло, многу воздушни перници итн итн.

Има ОЕМ алу бандажи, 16ки. Вози 205/55/16 гуми, General Tire Altimax One S (немаат ни 30.000км ама се две произведени во 2020та, а другите две во 2021ва).

Плинската боца е во просторот за резервно тркало, и мислам дека е 40Л. Па поради тоа резервната гума, full size, се вози у гепек (до сега не најдов space saver, али потрагата не престанува).

Солидна состојба за годинките и километрите. Лакот на неколку места попушта. Гребнатинки ваму - таму. Стандард.

Регистрирана е до 21.05.2027.

Планови - Да си ја средам по мој вкус, да тера неколку години додека не сум во состојба посаглам да се подновам.

Реално, презадоволен од колата, огромна и многу позитивна промена од Цитроенчето. Прв мој контакт со Тојота, и можам да кажам - свака част. Удобна, мека, тивка, доволно голема, солиден гепек. Си има знаци на старост, ама во секој случај одлична. Не е многу брза, ама е доволна. Троши околу 9-10л плин низ град. Исто така прв контакт со кола со плин, знам дека е уред со капалка, па секој совет и искуство да каде да се сервисира и како да се сервисира е добредојден. До сега се носела во ЕВРОГАС.

Од одржување - Пред околу 2.000км е напраен мал сервис, пред околу 20.000км е направен голем сервис (во кои е сменето и ланчето). Пред околу еден месец е ставен нов акумулатор. На крај на 25та е напраен сервис на плинот. Претходно е менуван дихтунг на поклопец, сменети задни амортизери, репарирана летва и меѓувреме редовно сервисирана.

Последниве 2 недели сум зафатен да си ја средам и да ја освежам во граници на нормала земајќи го у обзир фактот дека е доста стара и не е исплатливо да се фрлаат превише пари.

До сега:
- направено хемиско чистење
- полирани фарови, ставени H7 лед сијалици
- сменети сите звучници во колата (4 звучници, 4 високотонци), едниот не свиреше ич, едниот крчеше итн итн.
- сменето фабричкото радио со CD и касета, со Android Multimedia (4/64).
- ставени паркинг сензори (моментално не се во функција зошто автоматчето за рикверц е у фаза на откажување)
- купени 4 челични бандажи, од друг Авенсис, спремни за зимски гуми.
- воланот беше прилично излупен, па му стаив навлака на шиење, да го упристојам.
- сменета "кожичката" и топката на мењачот, со нови, од TEMU.
- сменет сет копчиња од возачката страна (оние за прозори, заклучување врати и блокирање на отварање на прозори)
- сменети се држачите на штитниците за сонце, два од нив беа скршени, па се беше лабаво.
- ставени нови Petex гумени патосници по мерка
- ставени ветробрани
- и уште некои не толку битни ситници околу естетика

Што е следно:
- утре иде на сервис, ќе се менуваат задни плочки, предни плочки, заден десен стабилизатор, сите свеќици и автоматче за рикверц (делови набавени од Прчот).
- во среда зиам зимски гуми, Matador Nordica MP93, ќе се монтираат на челичните бандажи и ќе чекаат зима.
- плафонот е "паднат" на неколку места, па најверојатно следно ќе биде да се среди и тоа, како и тапацирот на столбовите, и најверојатно на вратите.
- да се земат и теписонски патосници
- да се земе гумен патосник за во гепек
- да се стават навлаки на седишта
- и ќе треба да се позанимавам со фаровите - или ќе се земат нови, или ќе се оди во CarPro да ставам Bi-Led.

За сега тоа. Се надевам на верна дружба.
















« Последно менување: 29 Мај 2026, 17:40:26 pm KaZaN »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7817
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #1 на: 29 Мај 2026, 17:40:14 pm »
Maшала. Со здравје и среќа да се вози. Само масло и филтри да и менуваш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9532
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #2 на: 29 Мај 2026, 18:22:56 pm »
Aj so sreka, 500 iljadi ds i svrtish bez maka

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8285
  • Плинаш!!!
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #3 на: 29 Мај 2026, 18:55:55 pm »
Со здравје да си ја возиш.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4627
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #4 на: 29 Мај 2026, 20:44:38 pm »
Многу сакав ваква да купам пред едно 10 години, ама немаше ништо по огласи, никој не ги продава, си ги возат.
Со арно и со убаво да си ја користиш и да те вози без проблеми.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30670
    • CARclub.mk
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #5 на: денес во 07:57:46 »
Крстарица! Оваа генерација ми е најубава.

Со здрајве да ја возите Казанков!

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5452
  • Пиши лаже
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #6 на: денес во 09:38:19 »
Лаџа, со здравје да се вози Никола и многу безгрижни километри.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that