Благодарност до сите за честитките, да си купите тоа што ви прави мерак!

Одлично возило, со здравје да се вози и многу километри без проблеми!
Кумашинот има седан со иста моторизација, па го имам возено неколку пати на отворено и колата е многу многу брза и многу релаксирана за брза вожња. Лесно може да останеш без возачка со ова возило. Како Пасат е 
Колата е биполарна, тивка ко маче кога е само на струја, а кога ќе се стисне Sport и запали мотор се трансформира во рис.

So sreka da se vozi.
Alal da vi e be kako iznaogate ovakvi kombinacii....
lizing , nannavanje...firma go nosi...
Aj pisi ako moze kolku ispadna komplet.
Аукции за користени возила од компании кои нудат оперативен лизинг постојат од четрстурско и не е ништо ново во светов. Битно ми беше да избегнам автодилери, шминкање и непозната историја. Инаку цената, ко средно опремена нова Шкода Октавија дизел.

Секоја чест на изборот, прекрасно возило, кога гледав Г20 и Г21, караванот беше многу поупотреблив, особено кај хибридните верзии каде што батеријата зафаќа дел од багажникот и самиот под е повисок.
Скоро низ град возеше една ваква пред мене, дечкото на секој семафор тргаше со пролизгување, изгледа има премногу вртежен момент 
Со здравје да се вози и да се изнауживате. Иначе спорт лајн е вистинското ниво на опрема што треба да се купи, бидејќи М пакет без адаптивна суспензија е претврд за нашите патишта, барем со 3-4ца што сум правел муабет.
И браво за опремата, кај нас не видов ниту една Г20 со адаптивен темпомат, особено 2021 годиште, ниту пак со адаптивни светла и затемнети задни стакла, значи се што треба си има, ептен ми прави мерак и сакам кругче 
И стави една слика со отворено задно стакло, предобро смислено.
Не е највисока опрема, ама стварно ја има најбитната што се користи секој ден. За сега единствено што ми фали се триаголничиња на ретровизор, се навикнав ептен на тоа. Помага особено во град ко Скопје за да не здрвам некој ретард од Волт. Слика од отворено стакло немам, ќе направиме. Предобро и екстра корисно.
Ама имам слика кај што се пуни:

Со здравје да се вози, многу убаво изгледа. Бојата сум ја видел во живо и е chef's kiss
Благодарам земљак

Леле прекрасно возило! Пре-кра-сно! Браво! Кај плаг-ин хибрид, па и караван! Да бидам искрен, мене (фејслифтот) ми е една од опциите за во иднина.
Добредојде во пхев друштвото, имаме колачиња!
Едит: Да не заборавам, сакам кругче!
Ајде организирај собир на електраши, па да пробаме колачиња. Фејслифтот од моделска 2025 е веќе интересен, бар се добива скоро дупло поголема батерија.
Со среќа и да си уживаш во колата. Ми лајк ит. Боја, погон и опрема како јас да сум ги бирал...
Ќе праиме кругче на Стенковец, ти со Бемвето, а јас пар Школски кругови со Силата.
Одличен избор, со здравје да се вози. Има се што треба да има од опрема, коњи повеќе од доволно , останува само да се вози. Фала што сподели за аукциите, не знаев дека може и така, ова треба да се има во предвид. Колку изнесува депозитот?
Sent from my SM-S938B using Tapatalk
Во однос на депозитот најдобро да си прашаш директно, зависи од горниот лимит до кој би сакале да наддаваш. Во мојот случај околу 30%, нормално се искористи покасно депозитот како дел од цената на возилото бидејќи не сум дилер на возила и сега неможам да наддавам на други се додека не пуштам повторно депозит.
Инаку си склопив wireless ENET кабел за дијагностика, алал им вера на BMW за електричната архитектура. Има 2 парици за стандардна ethernet мрежа на OBD2 конекторот и преку централен gateway во возилото може да се отчитува/програмира секој модул кој комуницира преку CAN/LIN. BMW ISTA апликацијата функционира топ.
