Јас купив Корола 1.5 откако се откажав од Корола Крос.
Немам отворено тема да не предизвикам пораст на омраза на форумов

Инаку, возев позади шлепер и не добив самоубиствени мисли, напротив, се повеќе ми се допаѓа како вози колата

Главен критериум ми беше дека не сакам набрзина склопено малолитражно турбо колку да исполни еуронорма и да кинам нерви потоа од триста проблеми. Впрочем, од тоа што извозев неколку, заклучив дека освен параметарот од 0-100 кој во реален живот ништо не значи (особено сега со сејфсити), и пониски вртежи на дадена брзина, во ништо не се подобри од 1.4 атмо.
Оттука изборот беше сведен на Мазда 3, Hyundai i30, и Королава.
Маздата џабе делуваше премиум внатрешноста кога не успеав да се наместам во седиштето.
Хјундаито џабе поопремено, покрај тоа што седиштата беа потврди, имаше и потврда вожња и од моето една генерација постара i30, и ми делуваше дека паѓам од коњ на магаре.
Ете во кратки црти поради кои критериуми се одлучив за Королата.
Ништо побучна не е од еден куп други коли од истиот сегмент, но факт е дека има и со нешто подобра изолација. Но исто така е факт дека денешниве летни гуми да исполнат екостандарди ги направија како пластики, зимските станаа потивки бидејки сепак мора други критериуми да исполнат.
Пред некој ден испитував што има под теписонот од кај со возачката страна, има поприлично изолација под теписонот, плус одоздола подот е покриен со пластика.
Имам замерка за отворите за пијалок на средна конзола кои се потесни.
Имам замерка за нискиот кров на задни седишта.
Тврда пластика на вратите мене не ми пречи, како и тропање при затворање на гепекот како празна конзерва.
Истотака при појако забрзување моторот вади кретенски звук како секој троцилиндраш, но кога ќе сфатиш дека не е предвиден за перформанси ќе си.возиш посмирено и тогаш е многу потивок моторот. Да знаеш дека многу лесно повлекува и од ниски вртежи и во повисок степен на пренос.
Но затоа пак има убава мека вожња, мислиш улиците се поправени.
Ниска потрошувачка, околу 7 градска, околу 5,5 автопат.
И обавезно ѕирни Hyundai i30 за 19.700.