Автор Тема: Нова кола до 20к  (Прочитано 6945 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #30 на: 16 Април 2026, 08:07:59 am »
Sekako se daleku i cenovno se daleku, octavia za 20 na son
« Последно менување: 16 Април 2026, 11:28:04 am MarceCvarce »

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #31 на: 16 Април 2026, 11:19:52 am »
Sekako se daleku i cenovno se daleku, ovtavia za 20 na son

;D



Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #32 на: 16 Април 2026, 11:28:15 am »
Hahahha se popraviv

Отсутен Fcar

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #33 на: 28 Април 2026, 22:10:36 pm »
Друштво, потесен избор Тојота Корола седан 1.5 бензин комфорт најниско ниво, околу 20000 евра ако остане аукциската цена. Shine comfort+  18000, shine hunting knight 20990 или shine gs e2 19490.Што од ова би купиле со ваши пари, а што со мои тешко заработени пари?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2524
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #34 на: 28 Април 2026, 22:15:33 pm »
Строго Корола. Ако си фан на темни бои, види ја таа темно плавата што прелива накај зелена.

Јас тоа би купил со мои 20 илјади евра, заработени и штедени пари.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #35 на: 29 Април 2026, 07:12:09 am »
Корола и најкриви капа. Само бензин и сервиси.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #36 на: 29 Април 2026, 08:11:41 am »
Друштво, потесен избор Тојота Корола седан 1.5 бензин комфорт најниско ниво, околу 20000 евра ако остане аукциската цена. Shine comfort+  18000, shine hunting knight 20990 или shine gs e2 19490.Што од ова би купиле со ваши пари, а што со мои тешко заработени пари?

Ако се тешко заработени пари тогаш дај учество 20% и останатото земи го на лизинг

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5383
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #37 на: 29 Април 2026, 10:32:24 am »
Probaj ja corolata, ako se vozi nekoj pozadi obavezno i nego da go nosis na test vozenje.
Za mene zadnata klupa vo corolata e uzasno losa za sedenje i mn e bucno pozadi. Ama probajte

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #38 на: 29 Април 2026, 11:56:00 am »
Дека е ужасно лоша, не е, но некако чудно високо се седеше.

И мислам дека е ствар на навика.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10592
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #39 на: 29 Април 2026, 21:59:24 pm »
Јас купив Корола 1.5 откако се откажав од Корола Крос.
Немам отворено тема да не предизвикам пораст на омраза на форумов :-X
Инаку, возев позади шлепер и не добив самоубиствени мисли, напротив, се повеќе ми се допаѓа како вози колата :)

Главен критериум ми беше дека не сакам набрзина склопено малолитражно турбо колку да исполни еуронорма и да кинам нерви потоа од триста проблеми. Впрочем, од тоа што извозев неколку, заклучив дека освен параметарот од 0-100 кој во реален живот ништо не значи (особено сега со сејфсити), и пониски вртежи на дадена брзина, во ништо не се подобри од 1.4 атмо.
Оттука изборот беше сведен на Мазда 3, Hyundai i30, и Королава.
Маздата џабе делуваше премиум внатрешноста кога не успеав да се наместам во седиштето.
Хјундаито џабе поопремено, покрај тоа што седиштата беа потврди, имаше и потврда вожња и од моето една генерација постара i30, и ми делуваше дека паѓам од коњ на магаре.
Ете во кратки црти поради кои критериуми се одлучив за Королата.

Ништо побучна не е од еден куп други коли од истиот сегмент, но факт е дека има и со нешто подобра изолација. Но исто така е факт дека денешниве летни гуми да исполнат екостандарди ги направија како пластики, зимските станаа потивки бидејки сепак мора други критериуми да исполнат.
Пред некој ден испитував што има под теписонот од кај со возачката страна, има поприлично изолација под теписонот, плус одоздола подот е покриен со пластика.
Имам замерка за отворите за пијалок на средна конзола кои се потесни.
Имам замерка за нискиот кров на задни седишта.
Тврда пластика на вратите мене не ми пречи, како и тропање при затворање на гепекот како празна конзерва.
Истотака при појако забрзување моторот вади кретенски звук како секој троцилиндраш, но кога ќе сфатиш дека не е предвиден за перформанси ќе си.возиш посмирено и тогаш е многу потивок моторот. Да знаеш дека многу лесно повлекува и од ниски вртежи и во повисок степен на пренос.
Но затоа пак има убава мека вожња, мислиш улиците се поправени.
Ниска потрошувачка, околу 7 градска, околу 5,5 автопат.

И обавезно ѕирни Hyundai i30 за 19.700.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2524
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #40 на: 29 Април 2026, 23:16:18 pm »
Јас не знам како можеш да живееш со звукот на затварање на гепекот. Мене тоа би ми било неприфатливо.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10592
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #41 на: 29 Април 2026, 23:52:22 pm »
Јас не знам како можеш да живееш со звукот на затварање на гепекот. Мене тоа би ми било неприфатливо.
Се помирив дека не постои совршена кола без ниедна мана
Откако се измалтретирав како мајмун во Меганот, заклучив дека сепак поважно ми е да најдам позиција позади волан, отколку некаков звук кој трае дел од секунда, при што не го ни отворам секојдневно гепекот.

Инаку еве и едно видео каде испаѓа Маздата има помалку изолација од Тојотата.


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2524
Одг: Нова кола до 20к
« Одговори #42 на: денес во 01:10:07 »
Јас не знам како можеш да живееш со звукот на затварање на гепекот. Мене тоа би ми било неприфатливо.
Се помирив дека не постои совршена кола без ниедна мана
Откако се измалтретирав како мајмун во Меганот, заклучив дека сепак поважно ми е да најдам позиција позади волан, отколку некаков звук кој трае дел од секунда, при што не го ни отворам секојдневно гепекот.

Инаку еве и едно видео каде испаѓа Маздата има помалку изолација од Тојотата.



Знам, се шалам. Зборот ми е дека звук на затварање на гепек е тотално небитна работа. А тоа што е битна работа според мене е што најверојатно ќе имаш просечна потрошувачка од 6 или макс 6.5 литра бензин, без притоа да имаш било какви заебанции од типот на дпф егр итн.

Колата не е совршена, но за цената е апсолутен победник на пазарот моментално.