Пред брзо зедов 328i за да го сменам старото 320d, оти бензинот поевтин е во моментот

Мајтап настрана, одсекогаш сум сакал 6-так Е46 ама немам освоено лото да купам М3, а тешко е да се најди солидно 330i. Од модификации моментално сум во процес на инсталирање:
- Shortshifter kit од Odessa CNC
- Нов сет замаец, потисна, ламела
- Целосен rebuild на мењачот, и инсталирање DSSR кит за подобар осет на менување брзини
После ова следно на листата е:
- 3.38 диференцијал
- Евентуално clutch-style LSD од Mfactory
- Hyde кит за supercharger со Еaton M62 supercharger


