Кливленд повторно ја победи Атланта со 94-82, со доминанта игра на двата краја од рекетот. И покрај крајниот резултат кој не покажува такво нешто, Атланта делуваше изгубено поголемиот дел од второто полувреме, слаба во шутот посебно од далеку и лоша во скокот. Серијата се сели во Кливленд наредните два меча, каде домаќинот ќе може да ја заврши серијата подобар од 7 натпревари во само 4. Предводник на Кавси беше Леброн Џејмс со 30 поени, 9 скока и 11 асистенции, додека кај Хокс беа Шредер со 13 поени, Тиг, Хорфорд и Корвер со по 12 поени. Антиќ имаше 1 поен и 5 скока за 12 минути и 48секунди поминати на теренот.