Сам си носиш заклочоци, и потоа сам си ги одобруваш... Хехе.

Сувопарно ги копираш податоците, но не ја анализираш суштината. Ајде да разјаснам, во интерес на информираноста на заинтересираните читатели (ако веќе не ги разбркавме со дрвењево).
Имено, некогаш порано данокот на луксуз беше линеарен. Во превод, за секој еден пречекорен долар над лимитот, се плаќало по еден долар данок.
Фаст форвард до денешните даноци. До 10мил. долари пречекорување, за секој еден пречекорен долар, се плаќа скоро 2 долари данок (или поточно 1.75 долари, аман заман -нека не ме апси граматичката и лапсус полицијата).
Тоа значи дека кога лимитот е надминат за само 10мил. долари, играч што е платен (на пример) ете токму 10мил. долари... за неговата плата ќе треба да се платат и цели 20 додатни мил. долари данок на НБА.
Значи клубот тој играч ќе го плати цели 30 милиони долари. Што е огромна сума споредено со фактот дека максимална плата во НБА сега е 20мил. и таква плата земаат само ѕвездите како Дурант, ЛеКвин... (и ебачите како Коби, кои се шлепаат на екстензии на договори според старите колективни договори).
И сето тоа е за само 10мил. долари пречекорување. За над 20мил. долари пречекорување, данокот рипа на некои 4 долари за секој еден надминат долар. И така по половина долар за секои наредни 5 милиончиња. Во таков случај во спомнатиот пример за 10мил. плата, клубовите треба да платат цели 40 милиони долари данок.
Је*оте, ако тоа не се ригорозни правила и рестрикции кои ги оневозможуваат богатите клубови да прават супер тимови... тогаш не знам што ти подразбираш под ригорозност.
Ако клубовите како Нетси и Лејкерси, кои имаат ростер кој кошта над 100 милиони долари, порано плаќале некои 40тина милиони долари... сега треба за истото да платат некои
230 МИЛИОНИ ДОЛАРИ.
Дали се разбираме?
Ако не, земи провери ја математиката спред факторите за зголемување што си ги постирал...

Е, и додека сме кај рестрикциите против правење супер тимови, во целото тоа адвокатско барање на грешки не си ги научил и другите мерки во новиот колективен договор. Ете заебано правило е и тоа што играч кој како слободен агент иде во друг клуб, смее да потпише договор на само 4 години и за помала плата... во однос на тоа што ако потпише за матичниот клуб, може да добие 5 години договор и максималната сума пари што може да ја добие е поголема. Значи не само поголема плата, туку и додатна сигурност од една додатна година договор -не е сеедно за играчи во спорт каде често се дешаваат повреди.
Исто така укината е и можноста да се прави сајн&трејд за договор со максималните 5 години траење, после одреден датум (мислам до Јули пред последната сезона). Тоа беше директно посочено за да играчите да не прават притисок во последната сезона, како Кармело Антони што правеше за да дојде во Њу Јорк (според него го имаат наречено и правилото).
Така да, дали сега е (теоретски) можно да се прават супер тимови?
Се разбира дека е можно. Теоретски. Во пракса не сме виделе... досега.
Затоа останува да заклучиме дека релативно различни се домените на теоријата и на реалноста. Дури и ти теоретски е можно да и се качиш на Моника Белучи, или на Летиција Каста... Ама во пракса, тоа е можно само ако Десанка (или Леванка) ги наречеш Моника (или Летиција).

Иначе морам да се восхитувам на покажаното ниво на нарцисоидност. Само се надевам дека нема да бидам обвинет за ад хоминем затоа што го спомнав ова.

...едноставно знаеш со колкаво знаење располага другата страна 
П.С. Во постот погоре на две места имаш печетни грешки, на 4 места немаш оставено празно место после точка, и на 5 места немаш оставено празно место после запирка! Биди објективен и себе-санкционирај се веднаш!!!
