Автор Тема: NBA  (Прочитано 72791 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #480 на: 30 Декември 2014, 13:32:56 pm »
На Леброн догодина ќе му донеле уште 5-10 засилувања.

                             

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: NBA
« Одговори #481 на: 31 Декември 2014, 00:19:28 am »
Сега читам на лето пак ќе разгледувал опции,Кавси два први пика дадоа за да му го донесат Лов. ОЧАЈ.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #482 на: 31 Декември 2014, 01:30:24 am »
Па токму тука е очајот со Кавси, пошто летово можеа да го имаат и Лав И ДВАТА ПРВИ ПИКА!!!
Башка што барем едниот од тие два први пика, скоро сигурно ќе биде добар играч... а секако ќе играа за ниски руки плати. Како беше она, лаком г’з три ку*а јаде?   ;D


И после некој за Коби ќе кења дека земал голема плата... па мме Лејкерси и онака ништо не прават следниве неколку сезони. Не со правилата од новиот колективен договор. Заврши времето на безкомпромисно купување на ѕвезди, сега мора да се гради тимот од нула -со ниски пикови и добар избор на рукија. Како што го направи тоа Оклахома.
Така да ако Лејкерси дојдоа до времето кога мора да бидат фенерџии... барем уживаме во залезот на кариерата на Коби и да го гледаме како игра олд скул баскет. Со изолации и солирање и мајстории... Можеби тоа во новата НБА кошарка не проаѓа, ама секако забавно до муда!   8)

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: NBA
« Одговори #483 на: 31 Декември 2014, 02:37:19 am »
Zaboravi da dopunis deka Stern go skina trejdot na paul-gasol koga lejkersi imaa sansi da go odrzat sampionskiot tim,a sega se prekrsuvaat da uspeat da mu napravat na lebron drim tim.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #484 на: 31 Декември 2014, 03:50:27 am »
Па токму тука е очајот со Кавси, пошто летово можеа да го имаат и Лав И ДВАТА ПРВИ ПИКА!!!
Башка што барем едниот од тие два први пика, скоро сигурно ќе биде добар играч... а секако ќе играа за ниски руки плати. Како беше она, лаком г’з три ку*а јаде?   ;D


И после некој за Коби ќе кења дека земал голема плата... па мме Лејкерси и онака ништо не прават следниве неколку сезони. Не со правилата од новиот колективен договор. Заврши времето на безкомпромисно купување на ѕвезди, сега мора да се гради тимот од нула -со ниски пикови и добар избор на рукија. Како што го направи тоа Оклахома.
Така да ако Лејкерси дојдоа до времето кога мора да бидат фенерџии... барем уживаме во залезот на кариерата на Коби и да го гледаме како игра олд скул баскет. Со изолации и солирање и мајстории... Можеби тоа во новата НБА кошарка не проаѓа, ама секако забавно до муда!   8)
Го земаа Лав преку трејд бидејќи се во ситауција на win-now.Идната година Лав ќе стана слободен агент и никој не можеше да гарантира дека баш со Кливленд ќе потпише.Плус имаат цела сезона да видат како ќе се одвива соработката со Леброн,а како и сам кажа жртвуваа само еден добар играч(Вигинс)кој иако има потенцијал е сепак руки и никој не знае како ќе се одвива неговата кариера.
Работите сега за сега не се одвиваат добро, но сепак мислам дека проблемот е во тренерот на кого му дадоа претешка задача за некој кој нема тренирано ниедна екипа во НБА.Секако дека искуство во Европа, но и сам изјави дека НБА е сосема друга лига,култура,натпревари секој ден,играта е побрза и бара доста време за навикнување.Како што и кажав тимот е составен да оди на титула уште првата година па и поради тоа мислам дека некој поискусен тренер ќе завршеше многу подобра работа или пак може да го примеат системот на Мајами кој функционираше одлично, а тоа е немногу искусен тренер(Сполстра) и доста искусен и трофеен тренер како менаџер(Рајли).

Второ во врска со колективниот договор.Значи се се може кога се сака.Доказ за тоа се Мајами кои успеаа да упасираат три ѕвезди во својот тим, но тоа го направија така што секој се откажа од дел од парите што би ги земал ако би потпишал за друга екипа.Доказ за тоа е новиот договор на Бош што го потпиша во Мајами,каде од очај дека ќе останат само со 36 годишниот Вејд му дадоа максимален договор и сега Бош зима скоро дупло повеќе пари одкога беа сите тројца заедно во Мајами.
Контра пример на Кобе даде Вејд кoj се откажа од 11 МИЛИОНИ,само за да Мајами имаат доволно кап спејс за да го потпишат Бош и уште два-тројца играчи.
Цитат
Wade's pay cut, the second time in his career he's taken less to stay with the Heat, helped free up money to give Bosh a five-year, $118 million max contract and Deng a two-year, $20 million deal.
Затоа Мајами ќе има барем некаква шанса за да влезе во плеј оф и да пружи добра борба додека Лејкерси ќе танкаат за подобар пик на идниот драфт,а Кобе ќе си ги земе 48 мил. што му следуваат и ќе се пензионира.

Трето исто така за колективниот договор.Годинава беше потпишан нов договор за ТВ правата на НБА лигата кој изнесува 24 милијарди долари и стапува на сила за 2 сезони односно од 2016/2017-та.Во превод тоа значи дека тимовите ќе земаат повеќе пари и во сооднос со тоа ќе се зголеми и селари капот.Односно со сегашниот договор селари капот е поставен на 63 мил. по екипа,а ако новиот договор беше на сила истиот ќе изнесуваше 88 мил.
Тука доаѓа и одговорот на Cuore.Поради сево ова и Леброн потпиша договор на две години односно точно кога стапува на сила новиот ТВ договор.Со тоа ќе може да заработи повеќе пари, а и ќе се отвори повеќе простор за да се донесе уште некој квалитетен кошаркар.Повеќе за новиот ТВ договор и неговите последици кои може да ги има: http://deadspin.com/what-the-nbas-insane-new-tv-deal-means-for-the-league-a-1642926274
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: NBA
« Одговори #485 на: 31 Декември 2014, 09:45:05 am »
Kavsi se otkazaa od DVA PRVI PIKA,plus eden dobar igrac.

Lejkersi tankaat zaradi dr gluposti,se pravat naopaku od momentot koga namesto da go vratat Fil Dzekson,od inat potpisaa so Dantoni.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #486 на: 31 Декември 2014, 12:58:33 pm »
Го земаа Лав преку трејд бидејќи се во ситауција на win-now.Идната година Лав ќе стана слободен агент и никој не можеше да гарантира дека баш со Кливленд ќе потпише.Плус имаат цела сезона да видат како ќе се одвива соработката со Леброн,а како и сам кажа жртвуваа само еден добар играч(Вигинс)кој иако има потенцијал е сепак руки и никој не знае како ќе се одвива неговата кариера.
Работите сега за сега не се одвиваат добро, но сепак мислам дека проблемот е во тренерот...

Баче, ова што го пишуваш е работа на перспективата на гледање.
Знаеш, дали чашата е полуполна... или е полупразна!   :D

Јас лично мислам дека избрзаа со Лав пошто најверојатно ЛеКвин инсистирал така. Тоа win-now е невозможно со нов тренер и целосно нов ростер, нов состав кој не е уигран. Башка ако навистина Лав е заинтересиран за победување како што кажуваше, никој друг немаше да му понуди такви соиграчи, а да добива максимално голема плата. Вака разликата е дека сега добива минимално поголема плата и една додатна година договор... а секако играч како него ќе има уште еден договор после истекнувањто на сегашниов. Но како резултат на трејдот Кливленд сега ги немаат во тимот двата први пика, кои ќе играа за мала руки плата... а повеќе од извесно е дека Вигинс ќе биде ѕвер од играч.

И Лав и ЛеБрон требало да инсистираат да се задржат Вигинс и Бонет, и Лав да дојде летово. Ебаго возрасен човек е, знае ваљда што сака -нема да се премисли. За пар години ќе имаа ѕверски тим што ќе гази се во лигата. Е ама вака тешко дека ќе испадне тоа win-now, со не-баш-премногу-спосбниот менаџмент во Кливленд.
ЛеКвин веќе разгледува каде се позелени пасиштата.   :P

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: NBA
« Одговори #487 на: 31 Декември 2014, 13:26:53 pm »
ЛеКвин бе,добра ти е оваа. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #488 на: 31 Декември 2014, 14:04:18 pm »
Zaboravi da dopunis deka Stern go skina trejdot na paul-gasol koga lejkersi imaa sansi da go odrzat sampionskiot tim,a sega se prekrsuvaat da uspeat da mu napravat na lebron drim tim.
Тоа беше главната причина за падот на Лејкерси... ништо друго повеќе од тоа. Од тогаш се тргна надолу, а да беше Пол во ЛА сега Лејкерси ќе имаа уште барем 2-3 титули.
Нели интересно е како потоа Њу Орлеанс лапнаа прв пик на драфтот, и како го ќарија Веѓата -ѕвер од играч со светла иднина во лигата...?   ;)


Инаку, за Лејкерси мора да се спомне дека имаат голем проблем со газдата... синот на легендарниот газда Џери Бас, (Џими Бас) не може ни вода да му носи на покојниот татко. Многу погрешни одлуки донесе, преку одбирање на погрешни тренери, па до напуштање на филозофијата на триаголникот како основен напад во играта на тимот.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #489 на: 31 Декември 2014, 15:36:36 pm »
Kavsi se otkazaa od DVA PRVI PIKA,plus eden dobar igrac.

Lejkersi tankaat zaradi dr gluposti,se pravat naopaku od momentot koga namesto da go vratat Fil Dzekson,od inat potpisaa so Dantoni.
Се откажаа од два први пика,значи веќе селектирани, од кој едниот се очекува да биде добар играч,а другиот ќе биде тежок просек.Не дадоа ни еден добар играч.

Фил Џексон самиот не сакаше да стане тренер и поставуваше глупи барања,како да не оди на гостинските натпревари.Тоа дека немаше намера да се врати на тренирањето се докажа и со одлукат да стане менаџер на Никси.

Го земаа Лав преку трејд бидејќи се во ситауција на win-now.Идната година Лав ќе стана слободен агент и никој не можеше да гарантира дека баш со Кливленд ќе потпише.Плус имаат цела сезона да видат како ќе се одвива соработката со Леброн,а како и сам кажа жртвуваа само еден добар играч(Вигинс)кој иако има потенцијал е сепак руки и никој не знае како ќе се одвива неговата кариера.
Работите сега за сега не се одвиваат добро, но сепак мислам дека проблемот е во тренерот...

Баче, ова што го пишуваш е работа на перспективата на гледање.
Знаеш, дали чашата е полуполна... или е полупразна!   :D

Јас лично мислам дека избрзаа со Лав пошто најверојатно ЛеКвин инсистирал така. Тоа win-now е невозможно со нов тренер и целосно нов ростер, нов состав кој не е уигран. Башка ако навистина Лав е заинтересиран за победување како што кажуваше, никој друг немаше да му понуди такви соиграчи, а да добива максимално голема плата. Вака разликата е дека сега добива минимално поголема плата и една додатна година договор... а секако играч како него ќе има уште еден договор после истекнувањто на сегашниов. Но како резултат на трејдот Кливленд сега ги немаат во тимот двата први пика, кои ќе играа за мала руки плата... а повеќе од извесно е дека Вигинс ќе биде ѕвер од играч.

И Лав и ЛеБрон требало да инсистираат да се задржат Вигинс и Бонет, и Лав да дојде летово. Ебаго возрасен човек е, знае ваљда што сака -нема да се премисли. За пар години ќе имаа ѕверски тим што ќе гази се во лигата. Е ама вака тешко дека ќе испадне тоа win-now, со не-баш-премногу-спосбниот менаџмент во Кливленд.
ЛеКвин веќе разгледува каде се позелени пасиштата.   :P
Како не е возможно win-now каде што Мајами со сите тие работи што ги наброја стигна до финале и на 2 победи од титула.За тоа дека нема да има екипа со такви соиграчи не би бил сигурен.Хјустон исто така има доста кап спејс и може да му понуди исто така солидни соиграчи на чело со Харден и Хауард.
Ти пишав дека мислам оваа година ја земаа како пробна и да видат како ќе се одвива целата хемија.Има доста интересни играчи на пазарот идна година:Mарк Гасол,Џими Батлер,Горан Драгич,Грег Монро и останати.Тоа значи дека воопшто не би ме чудело ако не излезе на добро целава работа, Лав воопшто да не се врати во Кливленд,додека Леброн секако останува иако почнаа шпекулации за негово заминување.Самиот изјави дека Кливленд ќе му биде последен тим во лигата и до крај на кариерата ќе игра за неговата животна желба,а тоа е да му донесе титула на Кливленд.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #490 на: 31 Декември 2014, 20:22:05 pm »
Не зборуваме за тим што го менаџира Пет Рајли, ОК?
Кливленд не е Мајами... не е ни блиску. ;)

Не ми е јасно со што заслужил ЛеБрон овака лојални навивачи, од кои 90% навиваат исклучиво за неговата „величенствена персона„... Играта не му е ни револуционерна, ниту елегантна... во ниту еден момент и во ниту еден аспект не може да биде кандидат за ГОАТ. Напротив, голем дел од неговиот успех се должи исклучиво на физичка способност... И тоа ќе се види како што ќе старее.
Ако ликовите како Џордан, Коби, Меџик, Реџи  -стареат како добро вино, колку се постари толку се пософистицирани... така ЛеКвин како ќе старее така ќе станува се по-кисел, како оцет.  ;D
Премногу се ослонува на физичка способност, еднаш кога ќе падне физички -а времето сите ги мава во јајца, тогаш ќе го снема како безброј други што главна одлика им е атлетика...
За разлика од него види го Коби што прави на 36+ годони (и 19 сезони под појасот).


Ама ОК, ЛеКвин нека собере дрим тим окулу него и нека брка титули... јасно му е дека сам по себе не би требало ни да го ставиме во иста реченица со Џордан и Коби.  :)



П.С. Ако треба да бирам меѓу Коби и Лејкерси, првиот милисекунд ќе ги одберам Лејкерси... без разлика што на човекот му се восхитувам на сите можни спортски (и навивачки) основи.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #491 на: 01 Јануари 2015, 06:49:56 am »
Мајами ги дадов само како пример дека може да се направи тим кој ќе биде одма компетентен и да се бори за титула.Ако убаво ги читаше моите постови ќе приметеше дека и јас проблемот го лоцирам кај недоволното искуство на тренерот на Кливленд.

Најлошо ми е кога се ставаат во спроедба врвни спортисти, затоа и изебгнувам вакви дебати ама ај чим веќе почна.
Значи Леброн ги придоби своите фанови со својата доминантна игра, со која доминира во лигата во последниве 10 години.
Тој е единствен кошаркар кој може да ги чува сите позиции на теренот и да игра на секоја од нив.Тоа го има прикажано во безброј случаи.Таква универзалност кошаркарската игра не памети.Баш поради тие физички квалитети кои и сам ги потенцираш.
Како Леброн ќе старее и како ќе се одвива неговата игра неможе да дебатираме бидејќи никој не може да биде сигурен.Еве моја претпосвка е дека ќе работи цело време на шутот и ќе стане повеќе шутер од поле, одколку дека ќе оди на поени од рекет како што прави сега.Тоа дали ќе биде ГОАТ или не ќе судиме на крајот на неговата кариера.Ако освои уште 7 титули и 4 МВП ни Џордан ни Коби нормално дека нема да бидат спомнати во иста реченица  8)
На Коби ништо и друго не му преостанува со таа екипа освен да шутира по 50 пати на уткамица и да си брка рекорди.Тоа и не нешто за фалење дека си штунал 50 пати,а твојата екипа изгубила со 40.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #492 на: 01 Јануари 2015, 13:13:09 pm »
Не може тек така целата вина да се налупа на тренерот... па и Грег Попович да го имаа, тешко дека и тој од целосно нов ростер ќе направеше уигран тим. А од Поп подобар активен тренер, здравје.

Мајами беше друга приказна, таму е доменот на мајсторот Пет Рајли. Хаха, па се разбира дека Мајами ќе го дадеш како пример... ама не „само како пример„ пошто нема друг пример, посебно не во пост-новиот-колективен-договор ерата.
Лејкерси беа таков клуб, од кој се очекуваше да „ќарува„ туѓи врвни играчи. Ебаго, малку фалеше сега Лејкерси да броеа повеќе нови шампионски банери... Ако копитото Штерн не поништеше совршено легален и веќе завршен договор за трејд на Пол во ЛА.

На Штерн му беше важно Њу Орлеанс да добие пикови кои потоа така безочно ќе им ги намести во први пикови. Знаеш колку први пикови (или меѓу првите), имаа Њу Орлеанс после тој поништен трејд од Штерн? А најсмешно беше и тоа што тогаш одреден број од газди на НБА тимови му напишаа писмо на Штерн со жалење дека Лејкерси со размени станувале премногу јаки во лигата. :)
Ебаго, го поништи трејдот за Пол и ги уништи Лејкерси... но затоа беше совршено среќен да кумува на создавањето друг супер тим во Мајами. Хипокритично копито! ;)



На Коби ништо и друго не му преостанува со таа екипа освен да шутира по 50 пати на уткамица и да си брка рекорди.Тоа и не нешто за фалење дека си штунал 50 пати,а твојата екипа изгубила со 40...

... a можеби и тоа е со некаква замисла. Пошто одреден следен прв пик на клубот е топ5 заштитен... што во превод значи дека ако Лејкерси се меѓу последните 5 клубови, тогаш Лејкерси ќе си го задржат својот пик за себе. (хинт, хинт)  ;)

На крају краева Коби можеби е надмено копиле што сака да брка рекорди... ама Коби е лојално копиле кое целата кариера е лејкерџија! 8)
Во што друго да уживаме ние фановите, кога ги гледаме Лејкерси...



Ех, а врска со идејата за ЛеКвин како ГОАТ, и со ни мање ни више туку СО 7 ТИТУЛИ... ахахаХА -само да потсетам на урнебенсната „шала„ на Поп:
  :D  ;D  :P  8)
Цитат
клик:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: NBA
« Одговори #493 на: 01 Јануари 2015, 19:26:08 pm »
Како само Мајами е пример,а Бостон што е ? Или Гарнет,Ален и Пирс заедно играа 10 години пред да освојат титула.Како да имаш одредени познавања ама мислам пратиш повремено односно имаш доста испуштено ;).Една од главните причини е Док Риверс кој важи за еден од топ 5-те тренери во НБА.Значи пак се навраќаме на главното,а тоа е дека основа за секоја добра екипа е пред се искусен и успешен тренер.

Како фанови на Лејкерс не знам што ви боде толку очи трејодт за Пол.Никогаш не се знае како ќе се одвиваше целата таа соработка со Коби.Во минатото секогаш се има покажано дека добитна комбинација е шутер и висок играч,а не шутер и плеј.Штерн воопшто не е оправдување што Лејкерс не успеа да потпише ни еден асален слободен агент кој ќе му помогне на Коби, на кој притоа му дадоа 24 мил. годишно и затворија голем дека од кап спејсот на 36 годишен играч.Никој друг освен самите себе не е крив што завршија со играчи како Бузер,Лин,Хил,Ник Јанг и остали просеци.
Штерн нема воопшто никакво влијание во создавањето на Мајами и големата тројка.Се е тоа дело и заслуга на Пет Рајли, дури и самите играчи со изјавуваат тоа.

Ова со пиковите не ти го разбирам.Прв пик си е прв пик,секако дека секоја екипа има пик во првата рунда, но за да го добие број еден пикот си има лотарија на која во сооднос со скорот кој го имала екипата толку и топчиња и учествуваат во лотаријата.Односно колку полош скор толку повеќе топчиња и шанси за да го добие првиот пик.Се подразбира дека Лејкерс ќе го имаат пикот за нив не гледам кој би им го земал, не знам каков хинт ми пушти.Мислам дека јас на тебе ти пуштив преку тоа што ти објаснив како оди целиот процес. :)
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5346
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: NBA
« Одговори #494 на: 01 Јануари 2015, 23:46:09 pm »
Нели нагласив дека зборуваме за времето после најновиот колективен договор. Едноставно сега не може наеднаш да се склепаат убер тимови со 3 ѕвезди, не без некој да се согласи да игра за сериозно помала плата. Во Мајами, Флорида (и пар други сојузни држави во САД) работата е полесна со тоа што не се плаќа персонален данок. Башка новиот колективен договор не се однесува пост фестум на постоечките претходно потпишани договори.
На страна што последнава титула на Бостонџии е секако многу пред новиот колективен договор. И да дигресирам, Бостон имаа пола сезона повеќе за да се уиграат -наспроти Лејкерси каде По Гасол дојде на сред сезона (и целосно неподготвен за справување со силеџиите од Бостон). Чинам наредното среќавање меѓу ЛА и Селтикси во финале на НБА, не помина исто како првото -нели?  ;)


Е а за Стерн, ја пропушташ поентата. Да парафразирам, не се работи за негово учество во формирањето на 3ката на Мајами... туку за недостатокот на примена истите стандарди кои ги примени на дилот каде Пол требаше да дојде во Лејкерси -а нели потсетив на писмото на Кјубан и неколку други газди, каде буљашите протестираат на формирањето на супер тимови. На тоа Штерн даде подршка а потоа и го поништи договорот за трејдот на ЛА (иако и со други изговори а и други причини), но немаше никакви замерки кога во Мајами дојдоа 3 од топ5 НБА играчи.


Понатаму, за тоа дали ќе се уклопеа Пол и Коби... тука целосно грешиш во проценката за нивното евентуално вклопување во задничка игра. Една од слабостите на Лејкерси секогаш беше немање на други доминантни опции освен Коби, кој секогаш беше удвојуван а често и утројуван (дури и фул зерг некогаш). Пол прекрасно ќе го решеше тоа, беше многу поатлетска и помлада верзија на тоа што Стив Неш не успеа да биде за Лејкерси: некој што може да создава игра и за себе и за целиот тим, некој што безмилосно ќе ги казнува сите удвојувања и утројувања врз Коби.
Алас, една од работите за кои најмногу ќе жалам во кошарката е тоа што никогаш нема да го видам тој состав на Лејкерси, сето тоа заради хипокритот Штерн кој го уништи трејдот за Пол.


За крај, да се вратам на Стив Неш и неговото доаѓање во ЛА. Имено со Феникс беше потпишан сајн&трејд за да може на Неш да му се даде плата (ЛА како тим над селари капот можеше да дава само ветерански минамални договори), во рамките на тој трејд ЛА на Феникс им дадоа 2 први пика... од кои (да повторам) годинашниов е ТОП 5 заштитен пик. Што значи ако Лејкерси завршат во последните пет екипи сезонава -ќе си го задржат пикот. Во спротивно, Феникс го земаат тој пик.

Така да на Лејкерси им одговара да танкаат, иако тоа никогаш јавно нема да го признаат. А што ќар да се донесат играчи што не се топ5 во лигата, и да се платат дебело и со тоа да се заглават финансиски? Уште полошо, да заглават во медиокритет каде упорно ќе влагаат во плејоф но ќе биваат победени во прв или во втор круг??
Така нема ни шанси за низок пик и носење на добри млади играчи преку драфтот, а нема ни шанси да се донесе (и плати) топ5 слободен агент. Не, боље фенерџии повеќе сезони и шанса за издигнување до успех... отколку медиокритет без реални шанси за успех.

Затоа платата на Коби гледај ја од тој аспект.
Прво со тоа го пополнуваат селари капот и не може да потпишат со слободен агент кој ќе бара максимална плата -и пази дека договорот со Коби се случи дури откако ги исчекаа прво Кауард, а потоа и ЛеБрон/Бош.
Второ и не помалку важно, со тоа на Коби клубот му се оддолжува за се што направи за Лејкерси... а ќе се согласиме дека поприлично ебано многу направи.  ;)

Кога ќе истече договорот на Коби, Лејкерси ќе имаат празен ростер (како Мајами на Рајли, пред доаѓањето на големата тројка). Можеби до тогаш ќе имаат некој млад надежен тим со неколку талентирани рукија и можеби ќе донесат во тимот некое име окулу кое може да се гради франчизата, во ростер во кој Коби би можел да биде ментор и спореден играч (како Реџи Милер на времето во Индијана)...
А можеби и ништо нема да биде од тоа. Но на нас навивачите ни преостанува да се надеваме, а историјата на Лејкерси (и 17те титули) ни велат дека враќање на врвот ќе има... и поверојатно порано отколку подоцна.  8)
« Последно менување: 01 Јануари 2015, 23:51:31 pm Van »