Нели нагласив дека зборуваме за времето
после најновиот колективен договор. Едноставно сега не може наеднаш да се склепаат убер тимови со 3 ѕвезди, не без некој да се согласи да игра за сериозно помала плата. Во Мајами, Флорида (и пар други сојузни држави во САД) работата е полесна со тоа што не се плаќа персонален данок. Башка новиот колективен договор не се однесува пост фестум на постоечките претходно потпишани договори.
На страна што последнава титула на Бостонџии е секако многу пред новиот колективен договор. И да дигресирам, Бостон имаа пола сезона повеќе за да се уиграат -наспроти Лејкерси каде По Гасол дојде на сред сезона (и целосно неподготвен за справување со силеџиите од Бостон). Чинам наредното среќавање меѓу ЛА и Селтикси во финале на НБА, не помина исто како првото -нели?

Е а за Стерн, ја пропушташ поентата. Да парафразирам, не се работи за негово учество во формирањето на 3ката на Мајами... туку за недостатокот на примена истите стандарди кои ги примени на дилот каде Пол требаше да дојде во Лејкерси -а нели потсетив на писмото на Кјубан и неколку други газди, каде буљашите протестираат на формирањето на супер тимови. На тоа Штерн даде подршка а потоа и го поништи договорот за трејдот на ЛА (иако и со други изговори а и други причини), но немаше никакви замерки кога во Мајами дојдоа 3 од топ5 НБА играчи.
Понатаму, за тоа дали ќе се уклопеа Пол и Коби... тука
целосно грешиш во проценката за нивното евентуално вклопување во задничка игра. Една од слабостите на Лејкерси секогаш беше немање на други доминантни опции освен Коби, кој секогаш беше удвојуван а често и утројуван (дури и фул зерг некогаш). Пол прекрасно ќе го решеше тоа, беше многу поатлетска и помлада верзија на тоа што Стив Неш не успеа да биде за Лејкерси: некој што може да создава игра и за себе и за целиот тим, некој што безмилосно ќе ги казнува сите удвојувања и утројувања врз Коби.
Алас, една од работите за кои најмногу ќе жалам во кошарката е тоа што никогаш нема да го видам тој состав на Лејкерси, сето тоа заради хипокритот Штерн кој го уништи трејдот за Пол.
За крај, да се вратам на Стив Неш и неговото доаѓање во ЛА. Имено со Феникс беше потпишан сајн&трејд за да може на Неш да му се даде плата (ЛА како тим над селари капот можеше да дава само ветерански минамални договори), во рамките на тој трејд ЛА на Феникс им дадоа 2 први пика... од кои (да повторам) годинашниов е ТОП 5 заштитен пик. Што значи ако Лејкерси завршат во последните пет екипи сезонава -ќе си го задржат пикот. Во спротивно, Феникс го земаат тој пик.
Така да на Лејкерси им одговара да танкаат, иако тоа никогаш јавно нема да го признаат. А што ќар да се донесат играчи што не се топ5 во лигата, и да се платат дебело и со тоа да се заглават финансиски? Уште полошо, да заглават во медиокритет каде упорно ќе влагаат во плејоф но ќе биваат победени во прв или во втор круг??
Така нема ни шанси за низок пик и носење на добри млади играчи преку драфтот, а нема ни шанси да се донесе (и плати) топ5 слободен агент. Не, боље фенерџии повеќе сезони и шанса за издигнување до успех... отколку медиокритет без реални шанси за успех.
Затоа платата на Коби гледај ја од тој аспект.
Прво со тоа го пополнуваат селари капот и не може да потпишат со слободен агент кој ќе бара максимална плата -и пази дека договорот со Коби се случи дури откако ги исчекаа прво Кауард, а потоа и ЛеБрон/Бош.
Второ и не помалку важно, со тоа на Коби клубот му се оддолжува за се што направи за Лејкерси... а ќе се согласиме дека поприлично ебано многу направи.

Кога ќе истече договорот на Коби, Лејкерси ќе имаат празен ростер (како Мајами на Рајли, пред доаѓањето на големата тројка). Можеби до тогаш ќе имаат некој млад надежен тим со неколку талентирани рукија и можеби ќе донесат во тимот некое име окулу кое може да се гради франчизата, во ростер во кој Коби би можел да биде ментор и спореден играч (како Реџи Милер на времето во Индијана)...
А можеби и ништо нема да биде од тоа. Но на нас навивачите ни преостанува да се надеваме, а историјата на Лејкерси (и 17те титули) ни велат дека враќање на врвот ќе има... и поверојатно порано отколку подоцна.
