Коби има асистенции затоа што другите почнаа да погодуваат и да го зголемуваат сопствениот процент на реализација... Погледни ги бројките (процентите) на Гасол,Двајт и Неш сега и на почетокот на сезоната т.е во очајните натпревари.
Неможеш да кажеш дека некој троши топки а тој шутира во просек со преку 50% од поле,единствен од лидерите во поени/натпревар.
Искрено јас сеуште не сум видеел доминација каква што очекував од овој тим, и покрај трите победи по ред малку фалеше да не победат на двата,знаат да влезат во некоја летаргија на одреден период и да се изгубат.
Дур не видам 10 победи по ред и тоа повеќето од нив да бидат газење во гости,неможам да кажам дека конечно профункционираа. И сеуште стојам на фактот дека овој тим не му треба нападот на Дантони,туку Фил Џексон.