Автор Тема: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...  (Прочитано 984774 пати)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4665 на: 24 Мај 2016, 11:20:40 am »
Alistair е одличен пример за разликите во физиката на еден маж помеѓу ТРТ и Нон-ТРТ, но тој има поголем успех без ТРТ, пред се заради промена на стратегијата во рингот. Иначе:
 
Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Одг:
« Одговори #4666 на: 24 Мај 2016, 11:35:05 am »
Секако и двајцата си продолжиле со HGH, така да не се споредувајте со нив.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22377
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4667 на: 24 Мај 2016, 16:49:10 pm »
Пф...десниот Алистер has nothing on me.
За левиот...треба да повежбаме уште некоја година.:)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4668 на: 24 Мај 2016, 21:15:24 pm »
Штетен? Младина? Да беше штетен немаше да се проозведува природно во телото.

Секои 3 недели се користи стимулатор на хипофизата, додека трае циклусот, а и еднаш после циклусот. Тоа ги враќа жлездите на нормала. Ако ти е да сакаш деца за време на циклус. А ако несакаш сами ќе си продолжат со работа 4-5 месеци после циклусот.

Најважната работа за "паѓање и станување" е што после крајот од циклусот. Не дента зошто естерите ќе држат уште месец дена, туку и после тој месец дена. Тука е најважно да се стимулира максимално производството на тестостерон за да не дојде на ниско ниво откога ќе завршат отпуштањата на естерите. Затоа тој месец дена (а и два еве може) е важно убаво да се расчита за да може да се задржат резултатите постигнати од циклусот. PCT post cycle therapy, го викаат странските корисници. Да не посочувам конкретно што и како, зошто тоа треба да го направи лекар кој ќе те води низ циклусот, или барем тренер. Поготово на почеток. Ако труби дека не треба ПЦТ значи не знае.
Баш за децата. Мислев штетен во преку мерни количини, и солта е неопходна, бапни полко- капут...
инаку од теретански муабети као демек оставало трајни последици на таквите, па наводно можеби ти не, но твоите деца ќе имале прблем, односно со вродени аномалии, баш како последица на тестесерон... Можда го имаа смешано со некои други поиме, па така да све е тестесерон и стероиди... Пошто гледам се разбираш, ако не ти е мака да пишиш за стероиди, метан и допинг, не дека планирам да земам, али ме занима чисто онака од радозналост.
Патем ако се занимава некој профи со спорт, бес симуланси некако е како да одиш на трка без турбо, демек поштен си...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4669 на: 24 Мај 2016, 21:22:08 pm »
Нема спорт без стероиди.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4670 на: 24 Мај 2016, 22:02:14 pm »
Нема спорт без стероиди.
Без дискусија.

Метан е многу различно од тестостерон. Но, прво да видиме за децата. Тоа врска нема со вродени аномалии. :) Таман работа, пола свет е на допинг та ќе имало проблем. Незнам при бременост како оди не ме занимало за женски како се однесува, но кај машки нема апсолутно никакви проблеми. Мислам крај-краева примери имаш 50 околу тебе само ако разгледаш. Ни ти ќе имаш проблем, ни децата здравје боже.

Метан. Тоа е орален анаболик, не е инјектабилен. Има својство на ЗАМЕНА на тестостерон, но не и на тестостерон. Штетност. Кога зборуваат за штетност (оние што се разбираат, не оние што траскаат) зборуваат за ваква штетност. Оралните анаболици често знаат да се штетни за црниот дроб. Но, не само да одвалиме, треба да знаеме зошто се штетни. Инјектабилните естери се врзани во долги молекули кои се вбризгуваат во некој мускул со игла и притоа полека-полека навлегуваат во крвта во текот на неколку денови и недели. Затоа е доволно еднаш до два пати неделно да се врши инјектирање. И затоа не се штетни. Од друга страна:

Кај оралните анаболици внесот во крвта е преку желудникот, и се испушта се наеднаш. Што се тиче црниот дроб, тој ќе ги исчисти (маме ќе им ебе) за 20 минути од крвта - и ајт. Но тоа ќе значи дека ќе треба секои 20 минути ти да пиеш ново апче... иначе ништо. Епа за малку од малку да им се продолжи животниот век додека се во телото, тие имаат хемиска трансформација која овозможува црниот дроб да не ги исчисти од прва. Значи тие наместо 20 минути, ќе се задржат 4-5 часа во телото. Затоа и треба да се пијат на секои 4-5 часа. Ете така. Значи црниот дроб, ќе работи и работи и работи за да чисти. Во текот на целата консумација. Аха, значи ете зошто е штетно за црниот дроб. Постојат и орални анаболици кои не се така алкализирани и се сосема во ред за црниот дроб, но се многу послаби. И согласно тоа се и многу поскапи и најчесто употребувани за женски.

Инјектабилните анаболици немаат таков проблем и најчесто воопшто не се штетни за ништо во телото. Конкретно се испуштаат благо во крвта во потребни дози, и се си тера по пропис.

Метанот конкретно (срциња) е дихидротестостерон, значи замена. Конкретно тој ќе ја намали продукцијата на тестостерон во телото - исто како и инјектабилните, така да и после него ќе треба ПЦТ за да се задржат резултатите. Меѓутоа, работата е што при намалувањето на тестостеронот во телото и негова замена со дихидротестостерон некои работи не функционираат исто. На пример, телото се чувствува поагитирано, а и се намалува либидото. Што двете како комбинација не се добри за психичкото здравје на здраво момче. Многу ме нервира што ова не го кажуваат луѓето, онака како што е, и изводат човек да не знае на што е.

Е така. Значи затоа Метан, иако е штетен за црниот дроб, може да се практикува да се зема како дополна на циклус со анаболици. Бидејќи со инјектабилните има доволно (и многу повеќе од доволно) тестостерон во телото, па соодветно на тоа природниот е намален, но е заменет со хемиски ист. Пришто нема да се намалува либидото, и нема да има агитација. И ќе може да се зема помала (и полесна за црниот дроб) доза на метан. Зошто не метан, еве зошто? А не само да ти каже некој „не, треба да комбинираш, или да бе топ е“. Знај си што е, и како е се, па потоа ќе си видиш што е работата.

П.С. Нема везе дали те занима за себе или за другите. Во денешно време е глупаво да незнаеш ствари и да се чудиш и да веруваш во натприродни сили - како крис хемсворт имал тело, или што ти ја знам за таа улога петко се спремил за 2 месеца. Епа како? Епа лесно. Режим и доктор. Ете така. А Надал трчал ко кобила, епа трча кога место крв му тече 5г тестостерон неделно, и хормон за раст, па оди да му мењаат крв три месеци пред тест, па круза на HGH после дур да помине тестирањато... Е така трча ко кобила. Да не мислиш роден е. Или Барса „случајно им нашле“ кленбутерол во крвта и тоа на пола играчи. Е не бе, мајка ги роди сите кој од кој... Мислам нели, да не се праиме мутави - знаеме што е што. :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4671 на: 24 Мај 2016, 23:41:25 pm »
Да, затоа прашав да не бидам како теле, иако одам (одев, сега кнап сум со време) чисто рекреативно, нели некад е добро да се уклопиш во муабет, а при тоа да не тропаш зелени :)
а ова ПЦТ што е уствари, тие симулансите за хипофиза и тестиси.. ? патем метанот е допинг или... ?
"На пример, телото се чувствува поагитирано, а и се намалува либидото. Што двете како комбинација не се добри за психичкото здравје на здраво момче." - Затоа ги комбинирале со вијагри и слични глупости... Крај краева женава кај да е 9-ти месец така да можа да се шиба со овие хехех (Демек се скапавме од клецање па сега... )
Значи ништо не било толку штрашно како што представуваат (а уствари 90% во теретаниве се на терапии)
не ми стана јасно стероиди=тестесеронска терапија?
Фала што ме просветли, ти должам пиво :P

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4672 на: 25 Мај 2016, 08:01:55 am »

1. Метан е допинг, да.

2. Хипофизата ако забележи присуство на поголемо количество на тестостерон во телеото, прекинува да испраќа сигнали за производство на тестостерон кон тестисите. „Дечки, дечки, дечки полека сте претерале!“. Само што они не претерале туку ти си внел однадвор, па станало многу. Е така. Значи стимулансите служат за да и речат на хипофизата да си тера работа, и да не се замара со тоа колку имало или немало во системот. „Пушти им на овие нека работат, не ги запирај“. Додека се користи синтетички тестостерот инјектабилен, нема проблем телото. Ќе се јави проблем при прелазот од синтетика, кон природен. Зошто дур едново се потроши, а другово дур види дека се потрошило и дур почне да лачи, па дур накачи количина ќе пројде време. Некој месец-два може да пројде грубо. Затоа е важно да се стимулира за овој период што е можно повеќе да се намали.

3. Со синтетички инјекции нема проблем либидото, затоа што не само што има тестостерон во телото, туку има 10 пати повеќе од нормално. Напротив никаков проблем. Проблем се јавува со заменскиот дихидротестостерон на оралните, кои имаат само дел од ефектите на обичен (природен или синтетички) тестостерон. Зата се избегнува само орални анаболици, туку се користат во комбинација.

4. Може да се шиба со што било. Ама прави проблем за млад човек на психичка основа, не е само физикусот. Нервозата се покачува со намалено либидо.

5. TRT или HRT е testosteron replacement therapy, или hormone replacement therapy. Тоа е тестостеронски инјекции наједноставно кажано, секако со сите пропратни нивни делови.

6. Страшно? Страшно е без да се сфати што е што да се пикаат ствари. Затоа треба доктор кој знае што прави. Што да се користи за време на терапијата. Дали треба додатоци за спречување на конверзија на естроген, дали треба да се подмачкуваат зглобови со нешто, дали треба да се стимулира хипофиза? И што по престанокот на терапијата. Која природна стимулација, која хемиска стимулација? Се треба да е спремно, за да може глумецот, од дебел да стане набилдан до својот следен филм кој почнува да се снима за 5 месеци.

П.С. Викам глумецот, зошто кај нив нема тестирања. Ако е професионален спортист, охооо тука има многу мислење за докторот и работа за ништо да не излезе на тестирањата. Нивните ствари батали ги, заради тие тестирања се многу поретки супстанци во употреба, помалку проверени и пред се за други намени. Глумците и овие кои што не се тестирани (Шварци) се на оние работи кои се најздрави, и најдобри за луѓето.

Арнолд и Петар Челик:

Уствари погледни ги сите бодибилдери пред Dorian Yates, сите изгледаат мање-више одлично. Дориан е првиот што го воведе инсулинот во бодибилдингот, како единствен хормон посилен од тестостерон при спречување на катаболиза. И после него сите станаа како надуени топки месо, наместо вајани фигури на грчки богови.

« Последно менување: 25 Мај 2016, 08:16:29 am Deni »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4673 на: 25 Мај 2016, 13:03:15 pm »
не сум знаел дека онсулинот брка таква работа, све сум мислел дека е само за регулација на шеќер. Сега ми се отворија очите значи све ако си е под контрола (од доктор) ќе си биде све како што треба. Несомнено рони колејман до сега црви ќе го изеделе ако било толу страшно како што се представува во малскиве теретани, али колку пари толку музика. Фала уште еднаш, уште едно пиво ти должам :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22377
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4674 на: 25 Мај 2016, 15:03:14 pm »
Полека Бицикле...не случајно овие теми на сите бодибилдерски форуми се заклучени или недостапни за секого.
Деца читаат. Лично знам многу луѓе кои се често на некаква терапија (шема) , па пак изгледаат ко ќофтиња...

Зошто?

Прво - не е се до хемијата..сака и кујна и тренинг и тоа прописен.редовен, дисциплиниран..до јаја.
Второ - и  хемијата ко хемија ја имаш - пазар левел..ефтина, непроверена и класи погоре..која си кошта повеќе.
Трето - постојат правила за траење на терапијата (6-12 недели), дозирање ( пирамидално или не) , правила како се прават стакови, што со што иде, што со што не иде...итд.
Четврто - постои PCT (post cycle therapy) или терапија која задолжително се прави после секој циклус за да телото се врати во "нормала"..дали се тоа анти естрогени или сл.небитно..битно  пак внесуваш хемија.
Пето- постојат правила зависно од циклусот колку телото мора минимум да паузира од било како в допинг..итд.Не можеш и не смееш да си нон стоп на допинг.
Шесто- секој вид на допинг има свои нус појави за кои треба убаво и да прочиташ и иако тие се јавуваат само при непрописно дозирање...кај секој човек е индивидуално и не е заебанција.
Седмо - ако вежбаш активно и сеуште не си достигнал плато ефект ( вежбаш а нема напредок, немаш потреба дури ни да се интересираш за ова...па и да е така, ако немаш бар 35 години..не би ни требало да помислиш бидејќи машкиот репродуктивен систем се развива и до 30 та година).
Осмо - нема доктор кај нас кој ќе ти каже што , колку и кога да зимаш...заборави.
Девето - Вежбај, јади, спиј како што треба. Не пиј алкохол, благо, се што е очигледно срање..стај се на војничка дисциплина бар година дена, види што ќе постигнеш, па ако не си задоволен врати се на темава и прочитај ги точкиве од 1 до 8.
Десето - Не ги слушај газдите на теретаните..никој нема да ти изиграва личен доктор, секој си гледа само профитот кој го има од препродавање на супстанциве.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4675 на: 25 Мај 2016, 15:23:05 pm »
Постот на Стратро треба да стои на прва страна од темава као стики.
Јас би додал:
11- стероидите ти се као ремап. Треба докторот да знае точно кои параметри ги менува во организмот. Ако не знаеш што внесуваш во организмот и што прави тоа, зошто би го внел?  Нема мачигно апче кое ќе те направи силен преку вечер.
12- 99% дека не ти требаат стероиди.  

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4676 на: 25 Мај 2016, 15:34:49 pm »
Мирисни амонијак пред да дигаш многу тежина, подобар ефект има. :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55335
  • Махер
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4677 на: 25 Мај 2016, 15:46:09 pm »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4678 на: 25 Мај 2016, 15:59:34 pm »
Не дека отидов по стероиди... али, секое влаганје в теретана- види го онај на стероиди е, стероидите се штетни, а имат 5 деца... и некако сето тоа не ми беше јано. Не дека сега јас на 28 год ќе се праам бидериште или не знам што, али кај и да е ќе ми се успори метаболизмот, па ќе почнат да настануваат проблеми со вишак килограми итн итн... теретана или било кој спорт би требало ова да го ублажи (ништо не може да те врати на 18 години) али мислам дека е во ред да се грижиш за здравјето... Секако задоволство е кога ќе се погледниш во гледало и изгледаш некоја годинка помлад, не мора до степен на бог да си али да имаш некоја линиичка, башка поздраво е.
Све што е претерано- не чини, и вода да се препиеш не чини, затоа реков под надзор, сигурно арнолд, колејман и сви остали не изиграваат лекари, односно се под строг надзор како на тренери, така и од страна на доктори. Како што кажа, на пазарот има секаква хемија, но со све останато е така-колку пари толку музика, секако дека нема јас за на плажа да овдојам 10.000 евра или па да одвојувам за некаква хемија, мјат цел ја пишав погоре. Во ред, некој ска да игледа скрцано, тоа му причинува задоволство и инвестира во тоа, исто како некој што сака убава кола, голема куќа, добрро одело, убав фустан, и тн и тн.. да не се оддалечуваме од темата, ако сакаш да изглеаш како тие погоре, мислам дека нема шанса 100% природно да го постигнеш... да не се лажиме, без оглед колку добра генетика имаш.... Како што беше погоре спомнато спорт без хемија дури и да нема денеска. Ме занима што мислите за федор емиленко, бидејќи малтене изгледа и ротурено (мада далеку од протурено), а сепак е убиствена машина (40-0 скор)...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #4679 на: 25 Мај 2016, 16:02:32 pm »
Федор беше машина, ама подостаре и има 3 порази.  Сите сакаме да видиме дали има уште борба во него, јас мислам дека борците во уфц во моментов се слаби и може да освои титула.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need