Нема спорт без стероиди.
Без дискусија.
Штетен? Младина? Да беше штетен немаше да се проозведува природно во телото.
Секои 3 недели се користи стимулатор на хипофизата, додека трае циклусот, а и еднаш после циклусот. Тоа ги враќа жлездите на нормала. Ако ти е да сакаш деца за време на циклус. А ако несакаш сами ќе си продолжат со работа 4-5 месеци после циклусот.
Најважната работа за "паѓање и станување" е што после крајот од циклусот. Не дента зошто естерите ќе држат уште месец дена, туку и после тој месец дена. Тука е најважно да се стимулира максимално производството на тестостерон за да не дојде на ниско ниво откога ќе завршат отпуштањата на естерите. Затоа тој месец дена (а и два еве може) е важно убаво да се расчита за да може да се задржат резултатите постигнати од циклусот. PCT post cycle therapy, го викаат странските корисници. Да не посочувам конкретно што и како, зошто тоа треба да го направи лекар кој ќе те води низ циклусот, или барем тренер. Поготово на почеток. Ако труби дека не треба ПЦТ значи не знае.
Баш за децата. Мислев штетен во преку мерни количини, и солта е неопходна, бапни полко- капут...
инаку од теретански муабети као демек оставало трајни последици на таквите, па наводно можеби ти не, но твоите деца ќе имале прблем, односно со вродени аномалии, баш како последица на тестесерон... Можда го имаа смешано со некои други поиме, па така да све е тестесерон и стероиди... Пошто гледам се разбираш, ако не ти е мака да пишиш за стероиди, метан и допинг, не дека планирам да земам, али ме занима чисто онака од радозналост.
Патем ако се занимава некој профи со спорт, бес симуланси некако е како да одиш на трка без турбо, демек поштен си...
Метан е многу различно од тестостерон. Но, прво да видиме за децата. Тоа врска нема со вродени аномалии.

Таман работа, пола свет е на допинг та ќе имало проблем. Незнам при бременост како оди не ме занимало за женски како се однесува, но кај машки нема апсолутно никакви проблеми. Мислам крај-краева примери имаш 50 околу тебе само ако разгледаш. Ни ти ќе имаш проблем, ни децата здравје боже.
Метан. Тоа е орален анаболик, не е инјектабилен. Има својство на ЗАМЕНА на тестостерон, но не и на тестостерон. Штетност. Кога зборуваат за штетност (оние што се разбираат, не оние што траскаат) зборуваат за ваква штетност. Оралните анаболици често знаат да се штетни за црниот дроб. Но, не само да одвалиме, треба да знаеме зошто се штетни. Инјектабилните естери се врзани во долги молекули кои се вбризгуваат во некој мускул со игла и притоа полека-полека навлегуваат во крвта во текот на неколку денови и недели. Затоа е доволно еднаш до два пати неделно да се врши инјектирање. И затоа не се штетни. Од друга страна:
Кај оралните анаболици внесот во крвта е преку желудникот, и се испушта се наеднаш. Што се тиче црниот дроб, тој ќе ги исчисти (маме ќе им ебе) за 20 минути од крвта - и ајт. Но тоа ќе значи дека ќе треба секои 20 минути ти да пиеш ново апче... иначе ништо. Епа за малку од малку да им се продолжи животниот век додека се во телото, тие имаат хемиска трансформација која овозможува црниот дроб да не ги исчисти од прва. Значи тие наместо 20 минути, ќе се задржат 4-5 часа во телото. Затоа и треба да се пијат на секои 4-5 часа. Ете така. Значи црниот дроб, ќе работи и работи и работи за да чисти. Во текот на целата консумација. Аха, значи ете зошто е штетно за црниот дроб. Постојат и орални анаболици кои не се така алкализирани и се сосема во ред за црниот дроб, но се многу послаби. И согласно тоа се и многу поскапи и најчесто употребувани за женски.
Инјектабилните анаболици немаат таков проблем и најчесто воопшто не се штетни за ништо во телото. Конкретно се испуштаат благо во крвта во потребни дози, и се си тера по пропис.
Метанот конкретно (срциња) е дихидротестостерон, значи замена. Конкретно тој ќе ја намали продукцијата на тестостерон во телото - исто како и инјектабилните, така да и после него ќе треба ПЦТ за да се задржат резултатите. Меѓутоа, работата е што при намалувањето на тестостеронот во телото и негова замена со дихидротестостерон некои работи не функционираат исто. На пример, телото се чувствува поагитирано, а и се намалува либидото. Што двете како комбинација не се добри за психичкото здравје на здраво момче. Многу ме нервира што ова не го кажуваат луѓето, онака како што е, и изводат човек да не знае на што е.
Е така. Значи затоа Метан, иако е штетен за црниот дроб, може да се практикува да се зема како дополна на циклус со анаболици. Бидејќи со инјектабилните има доволно (и многу повеќе од доволно) тестостерон во телото, па соодветно на тоа природниот е намален, но е заменет со хемиски ист. Пришто нема да се намалува либидото, и нема да има агитација. И ќе може да се зема помала (и полесна за црниот дроб) доза на метан. Зошто не метан, еве зошто? А не само да ти каже некој „не, треба да комбинираш, или да бе топ е“. Знај си што е, и како е се, па потоа ќе си видиш што е работата.
П.С. Нема везе дали те занима за себе или за другите. Во денешно време е глупаво да незнаеш ствари и да се чудиш и да веруваш во натприродни сили - како крис хемсворт имал тело, или што ти ја знам за таа улога петко се спремил за 2 месеца. Епа како? Епа лесно. Режим и доктор. Ете така. А Надал трчал ко кобила, епа трча кога место крв му тече 5г тестостерон неделно, и хормон за раст, па оди да му мењаат крв три месеци пред тест, па круза на HGH после дур да помине тестирањато... Е така трча ко кобила. Да не мислиш роден е. Или Барса „случајно им нашле“ кленбутерол во крвта и тоа на пола играчи. Е не бе, мајка ги роди сите кој од кој... Мислам нели, да не се праиме мутави - знаеме што е што.
