Не мораш теретана, можеш и дома, супер програми ти се P90x & Insanity за брзи резултати во однос на целото тело. Само со точак не можеш баш, посебно не цело тело.
Тоа ми се случи минатата година. Набив кондиција, без да слабеам. Со точак возев по 60+ километри само и само за да се изморам/испотам. А толку слободно време немам. И на крајот, резултатот беше набилдани нозе. И скинат ланец на една угорница.

А вежбање по дома.... некако.... нема да имам мотивација... Додуша еднаш во живот сум бил во теретана, и не ме бендиса затоа што имаше многу исфурани типови... Додуша додека живеев во Македонија, не ми ни требаше, затоа што работев многу земјоделие.
Откако се покондурив, се здебелив како свинче.

Значи ќе мора у теретана
