И јас би го препорачал Простар и општо продуктите на Ултимејт Нутришн, мислам дека се доста квалитетни, а не се многу поскапи. Внимавај само да не земеш некој протеин што не е веј, т.е. млечен, батали тоа протеини од соја, моја, говедско или па некои мешавини од сите заедно. Во принцип веј протеинот е најскап ама тоа е така затоа што тој целосно се апсорбира во организмот, за разлика од другиве кои не се толку апсорабилни (дали е ова воопшто збор???). Оптимум Веј мислам дека е оверкил со цената, го имам пробано, една доза само ама ми беше далеку од спектакуларен во однос на вкус и мешање, мислам дека не вреди. Ако се решишп за Ултимејт, оди во премиум спорт, на кјошот кај Црвен Крст, они се како застапници за Ултимејт малопродажба, иако цените се исти, можно е да ти дадат некој попуст, ако веќе немаш од каде. Колку што знам обично теретаниве препродаваат и они исто така даваат попуст.